21:34 - 9 ноември, 2026

Попоски најавува значително потопло време до 16 степени, еве кога!

– Во Македонија продолжува периодот на променливо облачно време, од утре со повеќе сончеви периоди и ЗНАЧИТЕЛНО ПОТОПЛО и тоа поради продор на потопол воздух од југ. Ќе има појава и на повремен локален слаб дожд.

Денес ќе дува слаб до умерен, а Долж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец. Во текот на новата седмица ветерот ќе го промени правецот во јужен и во југозападен и исто така повремено ќе засилува на интензитет.

Температурите наутро ќе бидат пониски и понекаде, особено во Малешевијата ќе се спуштаат под нулата, додека максималните ќе бидат во ЗНАЧИТЕЛЕН ПОРАСТ и ќе бидат ПРОЛЕТНИ, односо истите ќе се искачуваат во интервалот од 11 до 16 степени, додека во најтоплите централни и југоисточни предели температурите ќе се искачат и до 18 степени.

Во Скопје времето ќе биде променливо облачно, од утре со повеќе сончеви периоди. Денес ќе дува умерен ветер од северен правец. Повремено ветерот ќе засилува на интензитет а од утре истиот ќе го промени правецот во југоисточен и исто така повремено ќе засилува на интензитет. Наутро температурите ќе се спуштаат во интервалот помеѓу -1 и 3 степени, максималните дневни температури пак ќе се искачуваат во интервалот помеѓу 11 и 15 степени- вели метеопрогнозерот Попоски.

За повеќе метео информации следете го Фејсбук профилот на Славчо Попоски – ТУКА.

Слични објави

Огњен Амиџиќ призна за што се кае во животот, па изненади со ставот за луѓето кои не сакаат семејство

Еспресо

Фризерот на Цеца ја критикуваше Александра Пријовиќ: „Ѝ недостига коса, не сè што е скапо е и добро“

Еспресо

„Јас сум аждаја за него“: Карлеуша првпат проговори за своето 24-годишно мoмче, а откри и дали се запознало со Душко Тошиќ

Еспресо

Милан Станковиќ се вратил во манастир: Рада Манојловиќ ги откри деталите

Еспресо

(Фото) Најбогатата српска актерка сподели радосни вести, слави во вилата од 4,5 милиони долари

Еспресо

(Фото) Колинда Грабар-Китаровиќ се појави во Рим облечена во палто од 4.000 евра

Еспресо
Се вчитува....