8.8 C
Скопје
10:36 - 30 март, 2026

ПОДОБРО ПРЕМОЛЧЕТЕ: Овие нешта не ги кажувајте пред вашиот партнер

Љубовта и врските се засноваат на меѓусебна доверба и однос во кој ништо не криете еден од друг. Речиси ништо.

Сепак постојат одредени нешта кои е подобро да ги задржите за себе, отколку да ги кажете, па да бидат испревртени, извадени од контекст или во најлош случај, искористени против вас.

Еве за што се работи:

Ситници кои ве вознемируваат

Колку повеќе време сте со некого, станувате сè посвесни за неговите недостатоци. Но, откако ќе ги решите заеднички поголемите пречки, оставете ги ситниците да ви ја прават врската интересна, за да не стане монотона.

Остатоци од емоции кон поранешните

И вие и тие имате барем ронка емоција кон некој од поранешните партнери и тоа не е нешто ненормално. Сепак, зачувајте си го сето тоа за себе.

Што навистина мислите за неговото семејство

Во принцип, бидете фини и коректни, за да бидете чисти од ваша страна. Реагирајте само доколку се случи некој голем неред предизвикан од нивна страна, но воздржете се од навреди и лоши зборови.

Дека има привлечни пријатели

Секогаш, ама секогаш ќе има барем една личност во близина на вашиот партнер која ќе ви изгледа атрактивно. Задржете си го тоа мислење за себе, за да не биде непријатно.

Дека имате сомнежи за врската

Во одредени стадиуми од врската нормално е да се преиспитувате, но правете го тоа со себе, бидејќи може да доведете до непотребен конфликт. Дејствувајте само тогаш кога ќе бидете целосно сигурни во себе.

Што вашето семејство мисли за врската

Вашето семејство е составено од луѓе кои ве сакаат и ви мислат добро, па сосема е нормално да бидат сомничави за секој кој е во ваша близина. Сепак, и тоа треба да остане само во кругот на семејството.

Што ви недостига од претходната врска

Сега сте со сосема друга личност, со различен концепт и различни идеи. Не смеете да очекувате дека ќе имате „реприза“ на некоја од претходните врски, не е фер ни кон партнерот, ни кон самите себе.

Слични објави

Сексуалност по 40-та: Како промените во телото да ги претворите во своја предност

Еспресо

Ако се укине промената на времето, кое време е најдобро да се задржи?

Еспресо

Време е за освежување на домот – пролетно чистење според правилата на фенг шуи за нова енергија

Еспресо

Би платиле ли некому 26.000 евра за да му даде име на вашето дете? На неа ѝ плаќаат токму толку!

Еспресо

На која возраст жената го доживува најинтензивниот оргазам?

Еспресо

Утре се слави Младенци, празникот на љубовта

Еспресо
Се вчитува....