13.8 C
Скопје
11:59 - 4 мај, 2024

Подобрете го психичкото здравје со овие совети: Ослободете се од непотребната загриженост, лагите и озборувањата

Запомнете, имате само еден живот и останува на вас да изберете дали да бидете среќни и исполнети или празни и несреќни. Ако сега сте помислиле на материјални работи и сте се нафатиле да ја оправдате секојдневната мизерија и тага со недостатокот на тоа, имајте ја на ум изреката во која се крие многу мудрост: „Не е среќен човек кој има многу, туку оној што има доволно малку за среќа“.

На овој свет постојат мноштво добро ситуирани луѓе кои се чувствуваат празни, несреќни и осамени иако се опкружени со целиот тој сјај и имаат навидум сè што им треба.

Од друга страна, запомнете ги лицата на луѓето што сте ги виделе во документарец, можеби снимен во Алјаска, Индија или Африка, кои живеат минималистички начин на живот, на работ на сиромаштијата, а сепак во поголемиот дел од денот се расположени, весели и среќни .

Разликата помеѓу тоа дали некој ќе биде среќен или не, честопати се крие во сопствените навики, очекувања и склоности.

Ние ги издвоивме најчестите ситуации во кои многумина ја саботираат сопствената среќа ,а ниту една нема никаква врска со материјалните работи.

Озборувањето не носи ништо добро

Повеќе или помалку, сите луѓе понекогаш озборуваат други, но дали е тоа навистина потребно? Обрнете внимание на тоа како се чувствувате откако озборувате некого, и ако сте искрени со себе, ќе сфатите дека имате тенденција да се чувствувате полошо отколку пред тој разговор.
Покрај тоа, озборувањата само покажуваат дека не сте задоволни од вашиот живот. Можно е да се чувствувате празно, па да ја пополните таа празнина на погрешен начин.

Според Ајурвед, озборувањата негативно влијаат на соларниот плексус – чакрата која е најмногу изложена на влијанија од околината. Ова му дава на лицето лажно и краткотрајно чувство на моќ и илузија за одржување на работите под контрола. Егото се храни со таа негативна енергија

Покрај создавањето и ширењето лоши вибрации, озборувањето може да ја блокира и срцевата чакра, која е одговорна за изразување љубов и сочувство. Исто така, поради оваа лоша навика, луѓето забораваат на сопствениот живот, проблемите што треба да се решат, целите кон кои треба да се стремат … Затоа тие тапкаат во место, не напредуваат и стануваат уште понезадоволни со самите себе.

Лажењето го уништува душевниот мир

Вистината може да биде многу болна, но секогаш е подобар избор отколку лажење. Вие самите знаете дека од вистината не може да се избегне и дека избегнувањето на вистината е само одложување на неизбежното, а со тоа и продолжување на агонијата. Таа секогаш, порано или подоцна, излегува на виделина.

Кога некое лице не ја кажува вистината, тој автоматски создава немир во себе и му го нарушува душевниот мир. Бидете искрени со луѓето околу вас и оние кои се достојни за вашето друштво – тие многу ќе го ценат тоа.

Љубомората нема никаква смисла

Мора да бидете свесни дека на овој свет секогаш има некој подобар во нешто, попаметен, поспособен … Да се биде љубоморен на некого е големо губење на време и позитивни емоции. Плус, може да му завидувате на некого, да бидете незадоволни од сопственото секојдневие и да сакате да бидете како него,  но заборавате на моментот дека вие не знаете како живее тој човек кога никој не го гледа – можеби во неговиот дом се случува пекол.

Наместо да бидете љубоморни, насочете ги мислите кон благодарност. Секое утро штом ќе се разбудите размислете за сите добри работи во животот и бидете среќни за тоа бидејќи не секој го има тоа што го имате. Можеби не е нешто големо и грандиозно, но тоа е само ваше.

Загриженоста понекогаш е непотребна

Во ред е да бидете подготвени за најлошото, но треба да се надевате на најдоброто и да размислувате оптимистички. На некои работи едноставно не можете да влијаете, но имате контрола врз тоа како ќе реагирате и тука лежи вашата сила.

Загриженоста за работи што сè уште не се случиле, а можеби и никогаш нема да се случат, е голема загуба на позитивна енергија и предизвикувач за постојано чувство на стрес. Нормално е човекот да се грижи, но не треба да се претерува во тоа и постојано да се создаваат лоши сценарија во главата, кои во реалноста честопати дури и не се случуваат.

Исто така, имајте на ум дека не постои совршенство, затоа не очекувајте од вас и другите да направат сè совршено – тоа е дефинитивно една од најважните работи што треба да ги прифатите за да бидете вистински среќни и задоволни.

Секој човек е вреден и посебен

Не се вели без причина дека секој човек е кројач на својата судбина. Нема ништо полошо за саботирање на сопствената среќа од негативниот поглед кон себе и вашата вредност – тоа не носи ништо добро и можете да бидете сигурни дека привлекува лоша енергија.

Ако сакате другите луѓе да ве сакаат и почитуваат, прво мора да се сакате и почитувате себе си. Секој човек е посебен на свој начин и треба да биде благодарен за тоа.

Како да си помогнeте?

Длабоко вдишете, гледајте како рамениците и градите се зголемуваат и потоа издишувајте. Во меѓувреме, размислете за што сте благодарни во животот, бидејќи сигурно има некои работи кои се добри и позитивни – насочете ги мислите кон нив и наскоро ќе се чувствувате подобро.

Животот е премногу краток за да се храниме со темни мисли и да бидеме постојано несреќни и незадоволни. Ако се најдете заробени во морето на црни, негативни мисли – пренасочете ги на позитивни. На почетокот нема да биде лесно, но ќе успеете ако навистина тоа го сакате.

Слични објави

Велика сабота: Што (не)треба да правите на овој ден

еспресо

Велики петок: Што (не)треба да се прави на овој ден

еспресо

Велики четврток: Што (не)треба да правите на овој ден

еспресо

Кога да ги миете прозорците пред Велигден: Не пропуштајте го овој ден

еспресо

Велика среда: Што (не)треба да се прави на овој ден

еспресо

Велики вторник: Што (не)треба да правите на овој ден

еспресо
Се вчитува....