20.8 C
Скопје
16:52 - 21 октомври, 2026

Кралицата Елизабета денес нема да присуствува на Дербито во нејзина чест, како е навистина со здравјето?

Кралицата Елизабета нема да учествува на Дербито на коњи, кое е дел од прославата на платинестиот јубилеј, туку ќе го следи на телевизија од нејзината резиденција во замокот Виндзор.

96-годишната кралица не беше присутна ни на мисата во чест на нејзиното долго владеење која се случи вчера во катедралата Свети Павле, таму ја претставуваше престолонаследникот Чарлс. На вчерашната миса дојдоа и „бунтовничките“ војводи од Сасекс, првпат во јавност во Лондон од нивното преселување во САД.

Сепак, Хари и Меган беа топло пречекани од јавноста, многу поразлично Борис Џонсон кој го исвиркаа, а кој пристигна во друштво на првата дама Кери, а потоа беше повикан во базиликата да прочита и една страница од Новиот завет.

Според извори од палатата, кралицата е добро. Војвотката од Кембриџ, Кејт, сопруга на принцот Вилијам, втора по редот за наследување на британскиот престол, објаснила на иворот дека, по парадата Trooping the Color, Елизабета Втора одлучила засега да избегнува други јавни средби и појавувања, освен настаните кои се организирани директно на теренот на замокот Виндзор каде што живее.

Оттука се очекува кралицата да присуствува утре на „големиот јубилеен ручек“. За таа прилика, долгото шеталиште кое води до замокот Виндзор ќе се користи како излетничко место. За затворање на големата забава ќе има дополнителна парада во попладневните часови, со над 10.000 луѓе, вклучувајќи волонтери, војници и изведувачи, која ќе заврши пред Бакингемската палата.

Слични објави

Лепа Брена го прослави роденденот: Еве колку години наполни, а честитки пристигнуваат од сите страни

Еспресо

(Фото) По 15 години, Татјана Стојановска си заминува од Канал 5 — колегите ѝ приредија емотивно испраќање

К.С.

„Немам ништо против сопругата на татко ми, повеќе ми пречеле партнерите на мајка ми“: Александар, синот на Тони Михајловски, искрено за односите во семејството

apostolova

Јелена Томашевиќ проговори за најголемиот срам кој го доживеала во кариерата

E.A.

Нема седатив за ваква љубовна болка: Марија Спасовска буди возбуда како алкохол во крвта со „100 промили“

Еспресо

Работам од 11 години, почнав со миење садови и продавање сладолед: Популарниот Талат од „Преспав“ се потсети на првите работни искуства

Еспресо
Се вчитува....