16:01 - 9 ноември, 2026

Паника во светот на уметноста: Украдени вредни скулптури на Салвадор Дали од галерија во Стокхолм

Бронзени скулптури од надреалистичкиот уметник Салвадор Дали се украдени рано утринава од галеријата Колер во Стокхолм, кога крадци ја разбиле вратата, ги земале уметнините на Дали и побегнале.

Во галеријата е актуелна изложба на делата на Салвадор Дали, а досега биле изложени околу десет дела на шпанскиот уметник.

Украдените работи, според зборовите на директорот на галеријата, поединечно вредат помеѓу 21.000 и 52.000 долари, пренесува Ројтерс.

Profimedia

– Тоа се многу пари. Ова е ужасно – рекол директорот на галеријата. Тој додал и дека делата на Дали биле на позајмица од Швајцарија.

Местото на настанот е обезбедено, а моментално се врши увид, јавуваат повеќе светски медиуми, соопштувајќи дека полицијата засега одбива да открие повеќе детали. 

Слични објави

Војаж се сврши со девојката – дијамантски прстен блесна на раката на неговата избраничка, која му роди дете

Еспресо

(Фото) Тажен ден во семејството на Мерима Његомир: Ќерката на покојната пејачка се огласи со трогателни зборови

Еспресо

„За Милица“ – Наум Петрески ја препозна вистинската македонска емоција во песната за љубовта што никогаш не се остварила

Т.Ц.

(Видео) „Уште едно нормално саботно попладне“: Сара Мејс покажа како изгледа семејната атмосфера во нивниот дом

К.С.

„Ме нарекуваа селанче и ми се потсмеваа поради фолклорот“: Мирка Васиљевиќ проговори за непријатните искуства од детството

К.С.

Старинска штрудла со кисела зелка и сланина — крцкаво есенско задоволство што мириса на домашна кујна

К.С.
Се вчитува....