7.8 C
Скопје
12:48 - 22 декември, 2024

Како до помалку расправии во бракот?

Скоро и да нема пар што никогаш не се скарал во животот. Нема ништо лошо во расправиите, доколку се конструктивни. Проблемот сепак е во тоа што често се расправаме непотребно, и така ја трошиме енергијата и го расипуваме односот.

Д-р Еми Гордон вели дека постои една работа што може да ни помогне помалку да се расправаме со партерот или партнерката.

Расправијата укажува на проблем меѓу партнерите, но таа често избива поради глад, жед или замор. Колку и да мислиме дека се издигнеме над ситуацијата, не можеме да побегнеме од основните потреби, затоа Гордон не советува прво да одговорите на овие пет прашања.

1. Дали сте утрински или ноќен тип на човек?

2. Дали вашиот партнер/ка е утрински или ноќен тип на човек?

3. Кога ќе се сетите на најлошата расправија, дали сте приметиле дека се случуваат во одреден период од денот или на одредено место?

4. Кога ќе се сетите на најпродуктивните расправии, дали тие се случиле воодреден период од денот или на одредено место?

5. Дали подобро се чувствувате кога се расправате веднаш штом настане проблем или чекате да се смират страстите? Што мисли вашиот партер за тоа?

Еднаш кога ќе сфатите дека најголемата веројатност за вашите расправии да се претворат во бура, можете да го спречите повторувањето на тоа сценарио, вели Гордон.

На пример, доколку сте нервозни наутро, нема да си дозволите веднаш штом ги отворите очите да влезете во расправија со партнерот околу неизмиените садови, туку почекајте да дојде ноќта. Доколку пак, постојано сте нервозни, пробајте да одвоите време за разправии. Звучи смешно, но д-р Гордон тврди дека тоа е успешна техника. Бидејќи, ако знаете дека постои време кога ќе ги решавате вашите проблеми со партнерот, помала е веројатноста дека ќе избувнувате за некаква бизарна ситница.

Слични објави

Зошто се длабат тиквите за Ноќта на вештерките? Интересни верувања за еден од најпопуларните празници во западниот свет

еспресо

Огледален датум 24.10.24: Што треба да знаете за овој ден

еспресо

(Фото) Првиот снег стигна на Балканот: Студениот бран патува кон исток

еспресо

Принцезата Дијана: „Во пресрет на свадбата реков дека не можам да се омажам за Чарлс“

еспресо

Денес е Успение на Пресвета Богородица: Што треба да правиме на овој голем празник

еспресо

Огледален датум 8.8.2024: Што значи овој ден и како ќе ви го промени животот

еспресо
Се вчитува....