31.8 C
Скопје
19:57 - 20 август, 2026

Испробајте ги: Едноставни работи кои вашиот партнер ги посакува во креветот

Доколку сакате да го импресионирате, не ви е потребна романтична атмосфера, сензуална музика, ниту преголем труд. Истражувањата покажале што најмногу посакуваат мажите во креветот.

Ентузијазам

Мажите сакаат некој кој е подеднакво заинтересиран за секс како и тие. Ништо не е толку заводливо како ентузијазам во сексот – тој може да го надмине и совршениот изглед. Затоа бидете отворени за нови идеи – некои новитети во креветот можат да го освежат вашиот сексуален живот. Колку што сте поактивни во сексот, толку сте попривлечни. Покажете му дека уживате.

Самодоверба

Мажите сакаат некој кој не се срами да се соблече во осветлена просторија. Престанете да го покривате телото. Не е потребно да повториме дека мажите се визуелни суштества и дека сакаат да ги гледаат своите партнерки. Самодовербата е најсексапилната особина на секоја девојка.

Бидете спонтани

За сексот не е потребна идеална атмосфера. Бидете спонтани и спремни да испробате секс на нови места без премногу планирање.

Упатете му комплименти

Обично се смета дека комплиментите се наменети само за жени и дека тие се оние на кои им треба охрабрување за изгледот, но и мажите имаат свои несигурности. Кажете му што ви се допаѓа на него и кои негови потези најмногу ве возбудуваат. Секој маж сака да знае дека го поседува она што ја привлекува жената.

 

Слични објави

(Фото) Вратете ја природата во домот со уникатниот мебел на Wood Room

Еспресо

Магични моменти: Дозволете ни да ја претвориме вашата љубов во свадбена магија, додека вие уживате во секој беспрекорно осмислен момент

Еспресо

Марина Петровска, велнес-советник: Понекогаш една одлука донесена од љубопитност може да ти го промени животот

Еспресо

Необична просидба: Немал пари да купи веренички прстен, па ја запросил со маче

Еспресо

(Фото) Кога сакате подарок поинаков од сите други, изберете рачно изработени свеќи со цветни мотиви

Еспресо

Каков фустан да избереме кога сакаме да оставиме впечаток? „Прагма“ го има одговорот

Еспресо
Се вчитува....