6.8 C
Скопје
03:11 - 26 април, 2024

ФОТО | Еве како изгледа животот на жена која живее со 1300 кучиња, 100 мачки и 4 коњи – Вакво нешто не сте виделе досега!

Понекогаш и грижата за еден домашен миленик знае да биде многу тешка задача, а како ли живее оваа жена со повеќе од илјада животни…

Животот на Вен Јунонг е полн со предизвици. Оваа жена ја земала во свои раце грижата за занемарените животни, давајќи им љубов, сместување и храна. Еве како изгледа нејзиниот живот…

Нејзиниот стан е полн со кафези

Вен (68) живее во двокатна куќа, но полна со кафези. Според нејзините зборови, своето прво куче таа го вдомила пред 20 години и оттогаш не престанала со таа активност. Нејзиното семејство сега брои околу 1.300 кучиња, 100 мачки, 4 коњи и неколку птици и зајци.

Фото: Профимедиа

Секое утро станува во 4 часот

Вен станува рано за да подготви се за своите миленици. Прво ги чисти кафезите, потоа готви мешавина од зеленчук, месо и ориз за животните. Некогаш, таа дневно готви и до 500 килограми храна за нив.

Фото: Профимедиа

Таа го продала својот стан и земала заем со цел да ги покрие сите трошоци

Грижата за толку животни не е шега. За да ги задоволи нивните потреби, Вен, која некогаш работела како техничар за заштита на животната средина, го продала и својот стан. Исто така земала и заем, својата животна заштита и пензијата, со цел да може на своите животни да им обезбеди храна и сместување.

Фото: Профимедиа

Таа се надева дека луѓето ќе дојдат кај неа, доколку сакаат да вдомат домашен миленик

Како се повеќе луѓе ги напуштаат милениците, така бројот на животни во домот на оваа жена се зголемува. За да ги нахрани сите животни и помагаат 6 лица, но место за нови станари повеќе нема. Нејзините соседи се жалат поради бучавата и смрдеата, па поради досегашните тужби Вен била принудена досега да се сели дури 6 пати.

Фото: Профимедиа

Вен се надева дека луѓето ќе започнат да ги посвојуваат нејзините домашни миленици со цел тие да имаат нов дом полн со љубов.

Слични објави

„Се степав на училиште поради мајка ми“: Анастасија Ражнатовиќ си ја отвори душата за најтешките моменти од детството

Еспресо

Момченце починало поради предизвик на Тик Ток: Опасен тренд „хромирање“ се шири на социјалните мрежи

еспресо

Отворена прва продавница за алкохол во Саудиска Арабија: Ќе се купува алкохол со овластување

Еспресо

Мир Божји, Христос се роди! Народни обичаи и верувања за Божиќ: Бидете со најблиските и заедно прославете го Христовото раѓање

Еспресо

Старо верување: Скршете орев на Бадник и дознајте дали среќата ќе ве следи

Еспресо

Каква кармичка судбина ќе имате во 2024 според датумот на раѓање: Декодирајте ја иднината преку персоналната бројка и откријте што ве чека!

Еспресо
Се вчитува....