14.8 C
Скопје
09:55 - 29 септември, 2026

ДОКОЛКУ РЕДОВНО ГОТВИТЕ ДОМА, ќе почувствувате зголемување на самодовербата, ќе јадете подобро и ќе се чувствувате посреќни

Истражувањата покажаа дека редовното подготвување храна дома може да влијае на зголемувањето на самодовербата преку подобрување на исхраната и чувството на среќа и задоволство.

Новата студија на Универзитетот Едит Кауан во партнерство со The Good Foundation и Jamie’s Ministry of Food Initiative покажа дека чувството на самодоверба во нашите готвачки вештини е добро за нашето ментално здравје. „Ова укажува на врската помеѓу самодовербата и пријатното чувство што се јавува при готвењето со придобивки за менталното здравје“, рече д-р Џоана Рис во изјавата за студијата.

Во истражувањето што траело две години 657 луѓе учествувале на седумнеделен курс за здраво готвење. За тоа време научниците од Институтот за нутриционистички истражувања ECU го мереле влијанието на програмата врз самодовербата за готвење и менталното здравје на учесниците. Истражувачите, исто така, ги анкетирале учесниците за нивното целокупно задоволство од готвењето и нивните навики во исхраната.

Студијата покажала дека учесниците што посетувале курс за готвење покажале значителни подобрувања во нивното ментално здравје, целокупното здравје и општата благосостојба во споредба со контролната група, а овие чувства траеле и до шест месеци по истражувањето. Неколку учесници изјавиле дека се чувствуваат посигурни во своите готвачки вештини и дека имаат волја да го променат начинот на исхрана, а со тоа да ги надминат пречките што ги спречувале да одржуваат здрава исхрана.

Иако овие резултати би можеле да му се припишат на самиот начин на исхрана, односно поздравата исхрана што учесниците ја прифатиле, истражувачите велат дека за добрите резултати придонел фактот што учесниците повеќе се грижеле за себе, готвеле и посветувале време на исхраната.

Интересно е да се забележи дека, иако уживањето во готвењето сепак најмногу се поврзува со жените, работите може да се променат. Имено, на почетокот на истражувањето 77 отсто од учесниците изјавиле дека се чувствуваат самоуверено додека готват, но само 23 отсто од мажите.

На крајот од седумнеделната програма резултатите биле исти кај двата пола.

Заклучокот од истражувањето е дека, иако готвењето дома понекогаш може да ви изгледа напорно, доколку го правите тоа редовно, ќе почувствувате зголемување на самодовербата, ќе јадете подобро и ќе се чувствувате посреќни.

Слични објави

„Еве ме пак“: Каролина Гочева повторно ужива во Прага

Еспресо

Дневен хороскоп за 29 септември: Бидете внимателни во донесувањето на одлуките

apostolova

(Видео) Теа Таировиќ го освојува светот: Хитот „Балканија“ одекна во познатата италијанска кошаркарска арена

Еспресо

(Фото) Ана Ивановиќ во фустан од 500 евра ги остави сите без здив!

Еспресо

По раскинувањето, Ана Николиќ и Рале се смирија, а се појавија и детали за нивниот договор

Еспресо

„Селски приказни, јас сум машинерија“: Дара Бубамара откри што мислат за неа родителите на нејзиното помладо момче 

Еспресо
Се вчитува....