14.8 C
Скопје
07:38 - 2 мај, 2024

НЕДОСТАТОК на ВИТАМИН Ц може да предизвика бројни здравствени проблеми

Недостаток на витамин Ц може да предизвика бројни здравствени проблеми, а најчестите вклучуваат губење на тежината, замор, воспалени непца што можат да крвават, рани на кои им треба долго време да зараснат, настинка по настинка и слично. Тука се вбројуваат и честите инфекции на уринарниот тракт.

Витаминот Ц е основна компонента на сврзното ткиво и игра важна улога во заздравувањето на раните. Делува како антиоксидант, може да спречи оштетување на клетките и игра превентивна улога кога е во прашање оксидативниот стрес.

Овој витамин е потребен за биосинтеза на колагенот и затоа е главна состојка во многу производи за нега на кожата. Според НИХ, многу истражувања докажале дека витаминот Ц може да спречи развој на рак, а повеќето студии покажуваат порзаност помеѓу внесот на витамин Ц и карциномот што се јавува на белите дробови, дојката, цревата…

Според експертите, постојат докази дека овој витамин спречува развој на кардиоваскуларни болести. Земањето на овој витамин преку храна или суплементи делува како заштита од коронарни болести на срцето, а може да го намали ризикот од срцев удар.

НИХ, исто така, нуди докази дека витаминот Ц може да спречи, па дури и да лекува макуларна дегенерација и катаракта, две водечки причини за губење на видот кај постарите лица.

Акутниот недостаток на витамин Ц може да доведе до скорбут (крвавење на непцата), а симптомите може да се појават еден месец откако ќе се појави дефицит на овој витамин во организмот. Симптомите вклучуваат замор и воспаление на непцето (гингивит). Сепак, состојбата може да се влоши, така што ќе донесе и депресија, дури губење на забите. Ако не се лекува, може да биде фатално.

Овој витамин го зајакнува имунитетот. Витаминот Ц може да го скрати времетраењето на настинката и да ги ублажи симптомите кај општата популација.

Деменцијата е широк израз што се користи за да се опишат симптомите на лошо размислување и памтење. Витаминот Ц е силен антиоксидант. Ниските нивоа на овој витамин се поврзани со ослабена способност за размислување и помнење. Покрај тоа, неколку студии покажаа дека луѓето со деменција може да имаат пониски нивоа на витамин Ц во крвта.

Овој витамин му помага на организмот што подобро да апсорбира железо, а една студија докажала дека 100 мг од овој витамин ја зголемува апсорпцијата на спомнатиот минерал за дури 67 отсто.

Како да препознаете недостаток на витамин Ц?

Склоност кон инфекции, малаксаност, болести во зглобовите, но и сува кожа на телото, рани што бавно зараснуваат и слично, се само некои од предупредувачките знаци кои ни кажуваат дека треба да го зголемиме внесувањето на овој моќен антиоксидант.

Слични објави

Дожд од пари: Два хороскопски знаци ќе се позлатат во првата половина на мај

еспресо

(Фото) Синот на Драгана Мирковиќ го покажа станот: Каква луксузна трпеза!

еспресо

(Видео) Трча и ја гушка иконата! Никола Роквиќ откри колку пари собрал за само 10 дена од патувањето за Грција

Еспресо

Ужасен предлог: Милица Павловиќ низ солзи му се дерела на Саша Поповиќ

Еспресо

(Фото) Дарко Лазиќ фати риба за која може само да сонува! Пејачот се пофали на социјалните мрежи

Еспресо

(Видео) Северина пееше во Дубровник, Новак Ѓоковиќ уживаше на концертот: Публиката во транс

Еспресо
Се вчитува....