09:34 - 12 ноември, 2026

Дарко Илиевски стана татко, се роди малиот Матео во Мајами (ФОТО)

Пејачот Дарко Илиевски кој пред неколку години се пресели во далечниот Мајами, стана татко. Неговата сопруга Ивана се породи пред неколку дена и на свет го донесе малечкиот Матео.

Убавата вест прв ја сподели токму Дарко на Инстаграм.

– 8 октомври 2019 е најсреќен ден во мојот живот! Мојата кралица ми роди син како најголем поклон за тригодишнина од нашиот брак. Фала ти сонце мое! Драги пријатели се роди Матео – напиша тој на фотката на која е со сопругата и бебето.

Инаку Илиевски пред неколку години се повлече од музичката сцена кај нас. Јавноста го запозна со учеството во шоу „Идол“ што се снимаше во Бугарија, а по кое стана миленик на тинејџерките. Брзо потоа сними албум и учествуваше на неколку фестивали во земјава и во регионот.

 

Слични објави

Пет состојки за брз појадок — рецепт за златни погачици од тава

К.С.

Дневен хороскоп за 12 ноември: Пред да прифатите нов договор, проверете дали условите се навистина онакви какви што очекувате

apostolova

Се разбудивте со главоболка? Еве што открива науката за причините и кога треба да побарате помош

К.С.

Ѓоле Ѓогани за почетоците со Слаѓа Делибашиќ: „Не ни помислив дека ќе ми биде сопруга, а од татко ѝ се препортував“

Е.А.

Слобода Миќаловиќ за тајната на 17-годишниот брак со Војин Ќетковиќ: „Луѓето денес го изгубија смислот за љубов, приматот го зедоа парите и социјалните мрежи“

Е.А.

Битка за вилата вредна 1,7 милиони евра – Николина Пишек мора да му исплати стотици илјади евра на свекорот Миша Гроф

Еспресо
Се вчитува....