Идеални кога сакате брз оброк: Брзи и сочни пица мафини

Сакате да подготвите нешто брзо и вкусно, а немате идеја? Ние имаме еден сосема обичен рецепт за домашни пица мафини, кој откако ќе го пробате, веруваме дека постојано ќе го подготвувате.

Овој рецепт може да го подготвите за појадок, за ручек или вечера, за вашите гости, буквално во секоја прилика кога ви е потребно брзо и вкусно решение.

Состојки за тестото: 300 гр брашно, 180 мл млака вода, 1 кесичка сув квасец, лажичка шеќер, лажичка брашно, две лажици топло млеко, пола лажичка сол, 2 лажици масло.

Состојки за филот: 200 мл сок од домати, 300 гр моцарела, 50 гр пармезан, 1 лажица оригано, прстофат сол, 1 лажица масло, 150 гр пршута или шунка.

Подготовка: Квасецот растворете го во топлото млеко со шеќерот и лажицата брашно и оставете го да надојде. Во сад помешајте го брашното, солта и маслото, па додадете го надојдениот квасец и водата. Замесете меко тесто, премачкајте го со масло, покријте го со крпа и оставете го да отстои најмалку 30 минути.

За филот измешајте го сокот од домати, маслото, солта и ориганото. Моцарелата исецкајте ја и помешајте ја со претходната смеса и додадете ја ситно сецканата пршута или шунка.

Истегнете го тестото, па со чаша вадете кругови во склад со вашите калапи за мафини. Калапите подмачкајте ги, па во нив ставете ги топчињата тесто и врз нив ставете го филот. Одозгора посипете со рендан пармезан, па печете на 200 степени 15-20 минути.

Слични објави

Легендарната актерка го прослави 79 роденден, но ќе се шокирате како изгледа денес!

Васко Спасоски

Е, сега може да ме излижете: Амиџиќ сакаше да ја одјави емисијата, па му „залепија“ торта во лице!

Васко Спасоски

Кетрин Зита Џонс се збогува со Кирк: Веќе ми недостасуваш!

Еспресо

Ова ќе биде првата работа на Меган Маркл после напуштањето на кралското семејство!

Еспресо

Брз, лесен и вкусен ручек за денес – Макарони со кулен и топен кашкавал

Igor

Совршенство од вкусови во 5 чекори: Торта од бела чоколада и јагоди без печење! (РЕЦЕПТ)

Igor

Остави Коментар

два × три =

Слични објави

Погледнете што направи Лила Филиповска по распитот за случајот „Рекет“ (ВИДЕО)

Igor

Северина се откажала од презимето на сопругот: Ова е една од причините! (ФОТО)

Васко Спасоски

Изолацијата го возвраќа ударот: Брус Вилис ја истрижа ќерката ќелава, сите се прашуваат – Зошто? (ФОТО+ВИДЕО)

Еспресо

Мини уштипци со кисело млеко: Највкусното тесто без јајца и прашок за печиво (РЕЦЕПТ)

Igor

Морничава снимка од смртта на сопругот на руската богаташка: Ставиле сув мраз во базенот, тројца починале (ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО)

Еспресо

Јапонска кајгана Како да ги подготвите највкусните јајца на светот

Еспресо