22:37 - 8 мај, 2024

ШТО НИ ПОДГОТВИЈА ЅВЕЗДИТЕ ЗА 8 ФЕВРУАРИ: Биковите ќе го збогатуваат своето животно искуство, Близнаците ги очекува нова љубов, а Вагите ќе стават крај на старите познанства !

дневен хороскоп

Овен

Бидете внимателни на почетокот на оваа работна недела. Некој ви дава индикации дека би сакал да ве запознае малку подобро, но вие не се давате така лесно. Таа личност ќе ја ставите на слатки маки. На деловно поле, мислите дека со игнорирање ќе го избегнете проблемот, а вистината е дека со прикривањето ја влошувате веќе напнатата ситуација.

Бик

Конечно решивте дека е време да се препуштите комплетно и вистински да уживате. Изнаоѓате задоволство во различни ситуации што ви влијаат позитивно нарасположението и го збогатуваат вашето животно искуство. Не треба да се криете зад лажната скромност пред соработниците или пред саканото лице. Не дозволувајте некој да трпи поради вашата лоша проценка.

Близнаци

Веќе е време да почнете да делувате. Направете сѐ што веќе сте започнале најбрзо што можете. Обидете се да дадете сѐ од себе за да забрзате. Љубовта и романтиката денес ви се главни приоритети. Некој кој не ви е толку блиску, можеби ќе го зароби вашето срце. И одвај чекате повторно да се сретнете со таа личност во многу брзо време.

Рак

Периодот пред вас нема да биде лесен, но не очајувајте. Блага нервоза и можно е некои ситуации во деловниот сегмент да ги возвишувате. Не дозволувајте самите себе да си попречувате, решавајте ги проблемите еден по еден. Можно е да сте загрижени поради нешто кога станува збор за саканата личност. Оставете го времето да ви одговори.

Лав

Среќата на другите, го радува и вашето срце. Сакате да се смеете и најсреќни сте кога насмевката ви е возвратена. Денешниотпланетарен поредок ви носи голема внатрешна среќа и задоволство. Имате чувство на радост како да славите нешто. Задржете го тоа чувство што е можно подолго. Ако сте во врска, не двоумете се да ја споделите радоста со саканата личност.

Девица

Конечно, добри вести доколку долго време се боревте да ги остварите вашите цели. Излегуваат на виделина добрите финансиски резултати. Задоволни сте, контактирате со соработниците за нови проекти. Со саканата личност ќе имате голема дистанца. Секој ќе сака нешто свое, а усогласувањето ќе биде преку компромис. Најдете ја златната средина и двајцата ќе бидете среќни.

Вага

Кој ќе ви застане на патот, подобро е да се поттргне пред да го прегазите. Денес лесно ќе се справите со сите пречки на патот и ништо нема да ве спречи да одите до крај, без откажување. Ја вложувате цела енергија во вашите цели. Најсреќни ќе бидете во времето поминато со партнерот. Бегајте од луѓето кои ве полнат со огорченост. Повеќе не им давајте никаква шанса. Опкружете се со позитивни луѓе.

Скорпија

Sвездите се на ваша страна. На деловно поле, вашата комуникација денеска одлично ќе се одвива. Ќе добивате јасни одговори и поттикнувања. Ќе имате и мали недоразбирања при деловните договарања. На емотивно поле, сите очекувања од партнерот ќе одговорите подготвено и на тој начин уште повеќе ќе ја стабилизирате вашата врска.

Стрелец

Амбицијата и посветеноста кон работата се ваша силна страна, но можеби малку претерувате со вашите деловни амбиции и со докажувањето на работа. Колегите ќе ве замразат, бидејќи свесни се дека половина од работите ги извршувате со ситни измами. Преиспитајте ја емотивната врска, нешто почнува да шкрипи. Слободните можат да очекуваат зближување со една личност од опкружувањето.

Јарец

Време е да уживате во успехот за кој самите сте заслужни. Вашите соработници и пријатели имаат добри намери, па така денес ве очекуваат позитивни случувања. Иако сте полни со енергија треба да имате предвид дека не можете да остварите сѐ што сте зацртале. Потребно е да научите да ги одделите приватниот и деловниот живот, со цел да не си направите проблеми.

Водолија

На кризата и се гледа крајот. Финансиите се поправаат. Многумина од вас ќе започнат љубовни приказни кои ќе ги крунисаат со брак. Сте успеале да ги надминете препреките кои сте ги имале и горди сте на себе поради тоа. Во љубовта ќе наидете на разбирање и емотивна поврзаност од партнерот. Внимавајте на здравјето кое во последно време го запоставивте.

Риби

Човек учи додека е жив. Вложете во надградбата на знаењето, елиминирајте ги предрасудите и сфатете дека никој не ви е виновен за ситуацијата во која се наоѓате. Затоа, наместо да ги обвинувате другите и да му се предавате на депресивното расположение, многу подобро е да бидете самокритични и подготвени за храбро противставување на ограничувачките фактори.

Слични објави

(Фото) Никола Роквиќ бос пешачи кон Грција: Пејачот откри што ќе се случува утре, на 18-тиот ден

Еспресо

Бресквица згрозена од настапот на Ирска на Евровизија: „Сакав да премолчам, но не можам… што е ова?“

Еспресо

Синот на Ведрана Рудан: „Таа не е депресивна поради ракот“

Еспресо

(Фото) Претставничката на Словенија на Евровизија со една фотографија ги обедини земјите од поранешна Југославија

Еспресо

„Сега сум среќна жена“: Драгана Мирковиќ блеска по разводот со Тони Бијелиќ

Еспресо

(Видео) „Ви благодарам драги луѓе“: Никола Роквиќ пешачи 17 дена, откри колку пари се собрани досега!

Еспресо
Се вчитува....