23.8 C
Скопје
19:16 - 29 април, 2024

ШТО НИ ПОДГОТВИЈА ЅВЕЗДИТЕ ЗА 31.ЈАНУАРИ: Стрелците да си ја слушаат интуицијата, Биковите да му се посветат на партнерот, Близнаците ќе имаат интензивен ден…

дневен хороскоп

Овен

Во изминатиот период многу вредно работевте. Време е малку да одморите и да не се грижите за обврските, едноставно препуштете им ги на колегите. Можно е непромислено да влетате во некоја авантура, но доколку сте во брак не си го дозволувајте тоа.

Бик

Ќе ви биде укажана шанса своите идеи да ги спроведете во дела. Вашата врска би можела да прерасне во нешто поважно и поголемо. Уживајте во хармонијата со партнерот.

Близнаци

Ќе размислувате за промена на вашата работа. Ова е доста интензивен ден кој ќе биде богат со многу настани. Ќе бидете чуствителни, а расположението ќе ви биде променливо. Прашајте ги повозрасните за совет.

Рак

Ве очекуваат некои пречки и проблеми кои многу ќе ве оптеретуваат. Бидете многу внимателни во постапувањата со имотот и засега избегнувајте важни одлуки, особено ако се поврзани со финансии. Односите со околината ќе ви бидат многу добри, но не особено блиски.

Лав

Некои работни обврски навистина ќе ви зададат проблеми, но издржете само уште ден-два. Во љубовта сте наидувале на погрешни личности кои емотивно ве искористувале. Се чини дека новиот партнер е сосема друго, но уште треба да причекате со донесувањето на судот.

Девица

Денешниот ден ви носи доста пријатни моменти како на работното место така и во приватниот живот. Финансиската ситуација добива доста позитивен тек. Во сентименталниот живот, ако ништо не очекувавте од вашиот партнер може да се случи сосема спротивно – да бидете пријатно изненадени.

Вага

Вложувате големи напори, но околината нема доволно почит за вашите деловни интереси. Партнерот има одлични идеи и планови, вклучете се и вие во нив.

Шкорпија

Вашата основна предност е во тоа што соработниците немаат доволно знаење или храброст да ви се спротивстават. Ќе се соочите со критиките од партнерот, не реагирајте бурно.

Стрелец

Кога станува збор за работата, ќе биде потребно малку да се водите и од својата интуиција. Во љубовта конечно ќе ја докажете вашата доминантност во врската. Одлично ќе се чувствувате.

Јарец

Полни сте со енергија и се ви оди од рака, зашто вие сте фаворит на ѕвездите. Можете да остварите се што сте зацртале. Сепак, потребно е да научите да ги одделите приватниот и деловниот живот, со цел да не си направите проблеми.

Водолија

Не сте задоволни со ситуацијата на работа. Се додека ги обвинувате другите за својот неуспех, нема да бидете задоволни. Доста луѓе се обидуваат да влијаат на вас, не го дозволувајте тоа.

Риби

Ќе размислувате на креативен начин. Бидејќи нема да имате некоја среќа во функционирањето на материјален план ќе се ориентирате на работи кои ќе ви помогнат убаво да се чуствувате. Во љубовта ситуацијата е одлична.

Слични објави

(Фото) Македонката Татјана Јанушева блесна на престижна модна ревија во Франција

Еспресо

Синот на Цеца ја расплака нацијата: Вељко Ражнатовиќ се откажа од паричната награда, еве за кого одат 5000 долари

Еспресо

Јелена Карлеуша призна дека не верува во помирување со Душко: Ситуацијата е очајна многу долго, никогаш нема да биде како порано…

Еспресо

Марија Шерифовиќ за проширување на семејството: Еве дали ќе има и второ дете

еспресо

(Видео+фото) Цифрата значително скокнала! На осмиот ден од одењето пешки за Грција Никола Роквиќ објави колку пари се собрани

Еспресо

(Видео) „Ви благодарам што сте дел од мојот живот!“: Каролина го прослави роденденот со сопругот и најблиските

Еспресо
Се вчитува....