24.8 C
Скопје
13:46 - 6 мај, 2024

Хороскопот ви открива што сте биле во минатиот живот: Кои биле славни личности, кои психијатри, а кои убијци…

Овен – војсководец

Со такви лидерски способности, храброст, тврдоглавост и волја, сигурно сте биле војсководец кој одиграл клучна улога во војната. Да не сте биле толку лесно лути и импулсивни, вашата мудрост и природни лидерски вештини можеле да ве направат крал кој владее со светот. Воените лидери не прифаќаат „не“ како одговор, исто како Овенот, и ќе почнат да прават што сакаат без разлика што некој ќе се обиде да ги спречи, пишува CultureAstrology.

Бик – уметник

Во вашиот претходен живот, сте поседувавле многу енергија и волја, како и креативност, што значи дека некогаш сте биле уметник. Биковите ја сакаат удобноста, луксузот, убавината и уметноста, а во минатото потешко се доаѓало до тоа отколку сега. Вашето око за естетика претпоставува дека во минатиот живот сте биле некој вид уметник кој ги инспирирал луѓето со своите ремек-дела.

Близнаци – славна личност

Вие сте социјална пеперутка на зодијакот и некој кого многумина го сакаат дури и кога не се занимавате со ништо посебно, што сугерира дека дефинитивно сте се занимавале со естрада. Креативни, енергични и интелигентни, вие Близнаци сте како магнет кој ги привлекува луѓето кон себе. Сте биле популарни и обожавани.

Рак – едукатор

Ракови, добро сте познати по вашата несебична личност и природниот инстинкт да им помагате на другите, па затоа астрологијата сугерира дека можеби сте биле едукатор во минатиот живот. Остроумен, многу прилагодлив, тактичен и крајно трпелив – квалитети кои ве прават совршени за справување со деца. Се верува дека сте биле одличен учител кого сите деца го сакале.

Лав – писател

Полн со креативни идеи и способен добро да ги изрази сопствените емоции и лично и на хартија, веројатно сте биле писател во минатиот живот. Како Лав, знаете што сака вашето срце и го знаете точниот начин да го постигнете тоа. Вашиот ведар дух, креативното размислување и, се разбира, вашиот став ве инспирирале да напишете квалитетни редови во минатото.

Девица – научник

Поради способноста на Девицата да анализира и размислува за сè во секојдневниот живот, многу веројатно сте биле научник во вашиот минат живот. Вашите мисли, идеи и различни перспективи веројатно се одговорни за некои од иновациите што го промениле светот. Секогаш обрнувате големо внимание на најмалите детали, затоа сигурно сте биле научник со цел да им помогнете на другите луѓе да живеат полесно и поудобно.

Вага – судија

Со жестока желба да донесат правда, рамнотежа, хармонија и мир во светот, Вагите биле судии во сите нивни претходни животи, едноставно затоа што тоа совршено им одговара. Вие сте несебични кога станува збор за одржување на мирот и хармонијата и едноставно ги сакате луѓето. Имате способност да донесувате правилни проценки.

Скорпија – убиец

Манипулативните, мистериозните и дипломатски Скорпии можеби изгледаат како мирни и прибрани поединци, но сите знаеме што се крие зад оваа „лажна“ личност. Опасни сте и кога сте испровоцирани можете да бидете апсолутно немилосрдни. Ако некој ви платил за да направите „валкана работа“, веднаш би го направиле тоа и никогаш не сте потфрлиле. Сега, сепак, времињата се сменија.

Стрелец – воин

Слободата за Стрелецот е света вредност и за време на ропство, војна и сиромаштија, голема е веројатноста дека сте биле воин кој не штедел стрела во борбата против злото. Немирни сте кога сте на едно место и секогаш сакате авантури, но во минатиот живот сте имале причини за кои сте морале да се борите. Покрај физичката борба, можеби сте биле воин во интелектуалниот свет, како активист. Во секој случај, оптимизмот и храброста на Стрелецот можеби инспирирале многу луѓе во минатиот живот.

Јарец – директор

Не постои друг хороскопски знак со работна етика како вашата. Вашиот секојдневен живот е само работа, постигнување цели, воспоставување деловни контакти и склучување договори. Логични, рационални и секогаш мирни, Јарците едноставно знаат како се прават работите и не се откажуваат додека не ја постигнат својата цел. Веројатно затоа сте биле извршен директор во минатиот живот – тоа била вашата цел и сте ја постигнале.

Водолија – психијатар

Во минатиот живот сте имале ладен, рационален и трпелив пристап кон луѓето и работите и сте биле одличен психијатар. Како голем хуманитарец со добро срце, отсекогаш сте сакале да им помагате на луѓето. Вие сте познати и како мислители што значи дека сте имале способност да гледате проблеми кај луѓето што другите ги занемариле. Водолијата секогаш може да види десет години однапред и тоа и овозможува да биде одлична во својата работа, во дијагностицирањето и лекувањето на своите пациенти.

Риби – филозоф

Во нивните минати животи Рибите биле некој кој сакал да прави свои правила и да открие кои од нив му користат на човештвото. Сте биле филозоф кој имал поинаков поглед на светот од другите. Сте сакале да го промените светот на подобро за сите нас и веројатно сте го направиле тоа на некој начин. Вашата постојана жед за учење ви помогнала да соберете знаење во многу области, па слободно може да се каже дека сте биле голем филозоф.

Слични објави

(Фото) Брена позира на луксузна јахта вредна неколку милиони: Им пркоси на годините

еспресо

Организаторите на Евровизија: Исклучувањето на Израел би било политичка одлука

еспресо

Јелена Карлеуша за Драгана Мирковиќ: „Слободно јави ми се, не кревај раце од мене!“

еспресо

Астропрогноза за понеделник, 6 мај: Нови познанства за Вагите, Скорпиите да бидат внимателни

еспресо

(Видео) Мадона одржа концерт на Копакабана: Над милион и пол луѓе ја чекаа ѕвездата

еспресо

Зорица Брунцлик и Кемиш во солзи на Велигден: „Сакав да умрам, не можев да зборувам…“

Еспресо
Се вчитува....