Српската пејачка Сара Јо сподели фотографии од прославата на својот 33. роденден, а вниманието на нејзините следбеници особено го привлече присуството на нејзиниот партнер, актерот Алексеј Бјелогрлиќ. На фотографиите што ги објави на Инстаграм, двајцата разменуваат нежности, се прегрнуваат и позираат блиску еден до друг.
Роденденската прослава се одржала во локал, каде што парот се фотографирал покрај шанкот и црвените кадифени софи. На една од фотографиите Алексеј нежно ја бакнува Сара во челото, додека таа го држи за лицето и го прегрнува околу половината. На друга, двајцата се прилепени еден до друг, не криејќи колку уживаат во заедничките моменти.
View this post on Instagram
За роденденската вечер, Бјелогрлиќ избрал црно сако, бела кошула со откопчани горни копчиња, панталони со пруги и црни чизми. Сара, пак, се одлучила за краток црн фустан од чипка.
Но, романтичните фотографии не биле единствените моменти што пејачката ги споделила со јавноста. Од објавите може да се види дека забавата била исполнета со смеа, танцување и добро расположение. На една од фотографиите Сара танцува со чаша во раката, со разбушавена коса од движењето, додека гостите околу неа ја снимаат со своите мобилни телефони.
На друга фотографија таа е насмеана во прегратка со своите пријателки, што покажува дека роденденот го поминала во друштво на луѓето што ѝ се најблиски.
Пејачката го прославила роденденот на 29 октомври, а посебно изненадување ѝ приредил токму партнерот. Алексеј ја изненадил со торта на два ката, со која дополнително ја разубавил нејзината роденденска вечер.
Сара Јо е родена во 1993 година во Рим, додека Алексеј Бјелогрлиќ е роден во 2000 година во Белград. Тој е син на познатиот актер и продуцент Драган Бјелогрлиќ, а меѓу него и пејачката има нешто повеќе од шест години разлика.
Првите шпекулации за нивната љубовна врска се појавија во мај, кога беа забележани заедно во еден локал во Белград. На крајот на јуни, тие ја објавија и првата заедничка фотографија, по што повеќе не се обидуваа да ја кријат својата врска од јавноста.
Нивната врска кон крајот на август се најде во центарот на вниманието поради наводната преписка на Бјелогрлиќ со непозната девојка, која се појави во јавноста. Тоа веднаш поттикна гласини дека парот се разделил.
Сепак, само неколку дена подоцна Сара и Алексеј повторно беа видени заедно, овојпат на летување. Со најновите фотографии од роденденската прослава, пејачката уште еднаш покажа дека двајцата продолжуваат да уживаат во својата врска.
