18:07 - 10 ноември, 2026

Колегите ја обвинија Мина Костиќ за кражба: „Зеде 500 евра, ја бркаа по град и бегаше на помошен излез“

Популарната пејачка Мина Костиќ се најде во центарот на сериозен скандал откако нејзините колеги Сандра Решиќ и Борис Стјепановиќ јавно ја обвинија за присвојување на заеднички бакшиш од настапи.

Според сведочењето на Борис Стјепановиќ, инцидентот се случил за време на заедничка музичка работа кога гостин и дал на Мина банкнота од 500 евра:

„Гостин за песна и даде банкнота од 500 евра, која таа брзо ја згужва и ја држеше во рака. Помалите пари уредно ги оставаше, а овие 500 евра ги присвои за себе. Замина без поздрав на помошен излез за да не ја забележиме“, раскажа Борис, додавајќи дека кога ја контактирал, таа му одговорила дека „сама одредува колку ѝ припаѓа“.

Слични обвинувања изнесе и пејачката Сандра Решиќ, која тврди дека во минатото и неа ѝ земала пари и бакшиш од миксетата, по што колегите морале да ја бараат низ град.

Овие контроверзи се надоврзаа и на неодамнешниот инцидент кога Мина беше забележана во трговски центар како излегува со неоплатен дел од гардероба, по што таа се правдаше дека станува збор за обична административна или човечка грешка.

Слични објави

Си зедов дама родена, уф, што ми е погодена – „Ѕма, Ѕма, Ѕм“ повторно живее, Дац и Александар го вратија хитот од 1978 година во чест на Славе Димитров

Т.Ц.

Утре се отвора моќниот портал 11:11, ден за исполнување желби и нови почетоци — eве што треба да направите

К.С.

Здравко Чолиќ по девет години го објави новиот албум „Мечтаам и простувам“

Е.А.

(Фото) Како холивудска дива — Светлана Црнокрак во црна тоалета со откриени рамена на јубилејот на Карпош

К.С.

Зошто во ноември постојано сме уморни и без волја? Овие знаци можат да укажуваат на сезонска депресија

К.С.

Трета среќа – Игор Којиќ во тајност се ожени со избраничката која го носи неговото дете

Еспресо
Се вчитува....