20.2 C
Скопје
08:52 - 4 јуни, 2026

ОВА СЕ НАЈПОСЕСИВНИТЕ ЗНАЦИ НА ЗОДИЈАКОТ: Љубомората им е во крвта!

астро

Без разлика дали поради несигурност, стравови или недостаток на доверба, постојат луѓе кои многу лесно стануваат љубоморни.

Љубомората во основа е сложено чувство кое го доживувате кога ќе сретнете некој кој според одредени критериуми е подобар од вас. Повеќето луѓе стануваат љубоморни во одреден момент од нивниот живот. Но, астролозите велат дека луѓето родени во овие пет знаци на Зодијакот се пољубоморни од другите. Често не знаат како да го контролираат ова чувство, ниту да ги канализираат негативните емоции на начин што нема да им „падне во око“ на другите.

ЖИВОТОТ Е ЗАБАВА: Овие хороскопски знаци секогаш ќе ве расположат

Овен

Луѓето родени во овој огнен знак се темпераментни и често каприциозни. Овните се склони кон љубомора кога ќе видат дека некој е подобар од нив во бизнисот, спортот или хобито. Имаат пргавост и тежок карактер и не знаат како да го сокријат она што го чувствуваат – ниту љубомора, ниту лутина.

 

ПЛАНЕТАТА НА ЉУБОВТА Е РЕТРОГРАДНА: На овие хороскопски знаци ќе им се врати вербата во љубовта

Рак

За Раковите љубомората е природна состојба, а таа се раѓа од нивната несигурност. За разлика од експлозивниот Овен кој за миг ќе направи љубоморна сцена, Раковите тоа никогаш нема да го направат јавно – тие се уште поопасни, бидејќи со нив никогаш нема да знаете на што сте. Само ако ги познавате исклучително добро, ќе знаете во кои ситуации ги обзема љубомора и завист.

Лав

Лавовите не се чувствуваат загрозени од туѓиот успех и се прилично сигурни и задоволни од својот живот. Тие стануваат љубоморни само кога нивните сакани, особено партнерот, не им обрнуваат внимание. Ова може прилично да ги дестабилизира, па дури и да ги доведе до неверство.

СЕКОЈ ХОРОСКОПСКИ ЗНАК ИМА БОЈА КОЈА МУ НОСИ СРЕЌА: Откријте која е вашата

Девица

Девиците сакаат да бидат најдобри во сè. Сакаат да бидат на врвот и се исполнети со амбиција и желба да ја постигнат својата цел. Чувствуваат силна љубомора секогаш кога некој е подобар и поуспешен од нив.

Скорпија

На припадниците на овој хороскопски знак им треба време да стекнат доверба во другите. Скорпиите се длабоко несигурни и се едни од најљубоморните хороскопски знаци. Имаат постојано чувство дека другиот нешто крие од нив, па често неоправдано обвинуваат.

Слични објави

(Фото) Ивона Јо ужива на море со сопругот: „Топли ноќи исполнети со љубов“

Еспресо

Хороскоп за 4 јуни: Овните ќе бидат креативни, Раковите ќе се соочат со нови предизвици

Еспресо

(Фото+видео) Чанта „Биркин“ вредна 30.000 евра – половина српска естрада на едно место, но сите очи вперени во Александра Пријовиќ

apostolova

(Фото) Бразилката Керолај е мајстор за привлекување внимание – го искористила своето тело како албум за сликички од Светското првенство во фудбал

Т.Ц.

(Видео) Десингерица не знаеше која е Калиопи: Што е тоа, летувалиште?

Еспресо

Дали Дуа Липа започна нов свадбен тренд? Нежниот цвет од нејзиниот монобукет крие силна симболика

Т.Ц.
Се вчитува....