3.8 C
Скопје
04:24 - 21 април, 2024

Хороскопските знаци и Стара Нова година: Близнаците да не потпишуваат документи, Лавовите да се ослободат од токсични врски, Скорпиите да не бројат пари…

Ноќта меѓу 13 и 14 јануари се прославува Старата Нова Година. На овој ден, вообичаено е да ги посетите роднините и пријателите за уште еднаш да им посакате се најдобро во животот.

Сепак, не секој знае дека на Старата Нова 2024 година мора да се почитуваат неколку правила за да не се покануваат проблеми во текот на годината која следува. Астролозите откриваат кој знак што не смее да прави за Стара Нова година.

Овен 

На 13 и 14 јануари Овенот не треба да започне нешто ново, бидејќи сите овие работи ќе пропаднат. Тоа се однесува дури и за нова романса. Едноставно во текот на овие два дена не менувајте ништо и не прифаќајте ништо ново во животот.

Бик

Не смеете никако да започнете нов бизнис во овие два дена ниту да правите планови за него. Зашто во иднина ништо нема да зависи од вас, туку едноставно работите ќе се одвиваат лошо и може да загубите многу пари.

Близнаци

Никако не потпишувајте билокакви документи, бидејќи можете да налетате на измамници и да западнете во неволја. Не вршете важни купувања.

Рак 

На овие датуми астролозите ги советуваат Раковите да се ослободат од се што е старо. Затоа, ако се прашувавте дали е можно да се исчисти целата куќа на 13 и на 14 јануари, тогаш одговорот е позитивен. Можете да ги сортирате работите во плакарот, да ги средите работите во куќата, да го исфрлите ѓубрето и сите непотребни предмети, така ќе се ослободите од целата негативна енергија.

Лав 

Ова се два дена кога лесно и успешно може да се ослободите од токична врска или токсично пријателство. Направете смел рез – ќе ви олесни!

Девица 

Според нумерологијата, годинава го носи бројот 8, а се поврзува со ослободувањето. 8 е поврзано со промени, чистење од каква било карма. Ако сакате да се ослободите од кармата, тогаш направете го тоа во 2024 година, а почнете токму денес – на 13 и 14 јануари. Престанете да пиете, пушите, спортувајте, сменете го местото на живеење, начинот на живот. Сето тоа ќе биде многу успешно.

Вага 

Астролозите ве советуваат на Стара Нова година никако да не враќате во вашиот живот стари љубови. Едноставно, цела година ќе бидете заглавени во нив, и нема да имате место за нова кармичка љубов.

Скорпија 

Не се занимавајте со пари на Стара нова година. Дури и не ги пребројувајте. Дозволено е да потрошите на задоволства но не и на бизниси и сериозни шопинзи за дома.

Стрелец 

Ѕвездите тврдат дека 13 и 14 јануари се совршени датуми за стартување на диета. Доколку имате проблеми со линијата почнете со диета од денес, ќе биде многу успешна.

Јарец

Јарците треба темелно да го исчистат домот денес (и утре) и да исфрлат се што е непотребно. Така ќе се ослободите од негативната енергија и ќе започнете сосема нов, радосен живот.

Водолија 

Водолијата не треба да влегува во крајности за Стара нова година. Значи не се опивајте, не дранатизирајте, не се прејадувајте…Зашто, во спротивно, таква ќе ви биде целата година и ќе се чувствувате постојано лошо.

Риби 

Рибите во овие два дена треба да поработат на контакти о семејството, запоставени роднини, внимание на децата, внуците…Размислете кому не сте му се јавиле долго време (од роднините) и повикајте го на мала прослава. Се ќе ви тргне од рака…

Слични објави

„Ајде веќе!“: Харис ѝ се дерел на Мелина пред сите, не сакал да дава изјави за медиумите

Еспресо

Единаесет милиони прегледи за 11 часа: Тејлор Свифт на најубав начин му оддаде почит на легендарниот филм, овој детаљ ги воодушеви сите

еспресо

Цеца Ражнатовиќ откри кога Анастасија и Немања ќе се венчаат: Еве ги деталите за свадбата на деценијата

еспресо

(Фото) Вака пред смртта Бојана Јанковиќ зборувала за поранешниот сопруг: Мојата крв…

Еспресо

За минута зема 2 000 евра бакшиш! Бресквица направи хаос меѓу публиката со песната „Орлово гнездо“

Еспресо

(Фото) Поради неа ја оставил мисицата: Починатата водителка Бојана има сестра близначка како јајце слична на неа

еспресо
Се вчитува....