6.8 C
Скопје
10:51 - 18 февруари, 2026

3-те хороскопски знаци кои ќе имаат најдобар почеток на новата 2020 година

Можеби оваа година не ви била толку сјајна, но на почетокот на следната ќе заблескате.

За овие хороскопски знаци, новата година ќе донесе многу позитивна енергија и интересни промени. Тие конечно ќе ги постигнат сите нешта за кои едноставно не наоѓале време во 2019 година и целосно ќе си променат својот живот!

1. Овен: Ќе бидете преполни со енергија

Вашата владејачка планета Марс влегува во вашиот знак на 31 декември, и со тоа многу брзо ќе развиете брзина. Верувајте ни, во моментов сте летаргични, нерасположени и пасивно-агресивни со причина – Марс ви плива во сонливите Риби и во тајната дванаесетта куќа на кармата. Можеби овој период ви е навистина бавен, но со почетокот на новата, целиот живот ќе ви добие сосема нова димензија.

2. Девица: Ќе откриете што ве прави уникатни

Дали сте подготвени да сјаете со позитивна и креативна енергија? Токму тоа ќе ви се случи на почетокот на новата година! Всушност, делумната соларна еклипса во Јарец на 5 јануари ќе ја размрда вашата петта куќа на забавата, романсата, креативноста и сè останато што доаѓа од срцето. На крајот, не постои ништо помоќно од тоа да бидете автентични и постојано да ја зборувате вистината, како што вие всушност правите.

3. Стрелец: Ќе се издигнете на космички височини

Вие ќе достигнете сосема ново ниво во вашиот живот. Вашата владејачка планета е конечно назад во својот знак, односно во својата космичка територија, па затоа и сте благословени од небесите. И тоа не е сè. Следува делумна соларна еклипса во Јарец, и во вашата вредна втора куќа на заработката, финансиите и сопствеништвото на 5 јануари, и токму тогаш нештата конечно ќе се свртат во ваша корист на професионално ниво.

Слични објави

Хороскоп за 18 февруари: Раковите ќе имаат продуктивен ден, Водолиите ќе бидат отворени за промени

Еспресо

Хороскоп за 17 февруари: Овните ќе бидат самоуверени, Скорпиите ќе се фокусираат на своите амбиции

Еспресо

Хороскоп за 16 февруари: Овните ќе пливаат во пари, Раковите ќе работат со странство, а вие?

Еспресо

Хороскоп за 14 февруари: Јарците ќе впловат во страсна врска, Близнаците ќе зрачат со еротска енергија

Еспресо

Хороскоп за 13 февруари: Лавовите ќе започнат врска со Вага, Биковите ќе се вљубат во шармантна Девица

Еспресо

Дневен хороскоп за 12 февруари: Бидете внимателни во донесувањето на одлуките

apostolova
Се вчитува....