11:16 - 28 ноември, 2026

Астро прогноза за вторник, 6 септември

Овен

Направете напор да се посветите на решавање на проблемите што ве мачат веќе некое време. Доколку соберете храброст поотворено да флертувате со личноста која ви значи, ќе го освоите нејзиното внимание.

Бик

Нема да можете да ги реализирате вашите планови и ќе ви биде тешко да се фокусирате. Комуникацијата со саканата личност ве оптоварува, често се расправате и сте незадоволни. Дистанцирајте се на момент и размислете за работите. Денес е поволен ден за одмор.

Близнаци

Ќе ви треба време да ги решите некои работи кои денес дополнително ќе се искомплицираат. Во љубовта не сте задоволни од околностите во кои се наоѓате и размислувате да ја прекинете врската.

Рак

Ќе ви треба време за да ги исполните вашите амбиции. Денес не е добар ден да решавате проблеми на работа. Тешко ви е да ги покажете своите емоции сосема отворено, бидејќи се плашите дека може да бидете повредени.

Лав

Се потпирате на луѓе на кои им верувате, но во исто време тие не се доволно отворени со вас. Може да се надевате на многу поволен ден за љубов и флерт. Наскоро ќе следи ново познанство. Не очајувајте.

Девица

Направете напор да ја подобрите комуникацијата со претпоставените, за да можете заедно да најдете решенија за некои проблеми на работа. Во љубовта можно е да се случила фаза на „заладување“ помеѓу вас и вашиот партнер и тоа ве плаши. Одвојте малку време и разговарајте.

Вага

Пред вас е добар период. Ќе успеете да ги реализирате сите ваши планови. Ви се допаѓа личност која ќе ви покаже дека е подготвена за многу сериозна љубовна врска. Не плашете се од тоа, љубовта не е обврска.

Скорпија

Ве очекуваат помали проблеми во текот на денот. Нема да ви биде лесно самостојно да се справите со сите компликации. Оние кои се во врска чувствуваат дека следува фаза во која ќе започнете да се дистанцирате од партнерот. Бидете трпеливи.

Стрелец

Очекувате многу од себе и се обидувате да ги исполните вашите желби и цели, иако понекогаш тоа не ви од од рака. Во љубовта нема простор за тврдоглавост. Уживајте во стабилноста и убавите моменти кои ги делите со вашата сакана личност.

Јарец

Ве очекуваат многу обврски и се обидувате да завршите сè на време. Денес ќе бидете добро организирани, затоа искористете да завршите некои работи кои постојано ги одложувате и ве гушат.

Водолија

Размислувате како да ги решите проблемите што се јавуваат на деловно поле. Не зависат сите работи од вас. Побарајте помош. Ве очекува средба со многу интересна личност која е сосема поинаква од вас.

Риби

Судбината ќе биде во ваша корист денес за решавање некои внатрешни дилеми. Понекогаш си мислите дека разговорот сам со себе ви помага. Не шпекулирајте самите за себе. Ќе нема големи промени кога е во прашање љубовта.

Слични објави

Васил Зафирчев: Моите родители не сакаа да бидам актер

Еспресо

Таско за Панчо од ДНК: Знаеше да се бори со моите демони кога никој друг не знаеше

Еспресо

Николија Јовановиќ по концертот во „Сава центар“: „Бев во паника поради брзите пресоблекувања, а Реља ми беше најголема поддршка“

Е.А.

Дневен хороскоп за 28 ноември: Заштитете ги вашите деловни интереси и прекинете контакт со несигурна личност

apostolova

Катарина Живковиќ застана во одбрана на Вељко Ражнатовиќ: „Момчињата не носат здолништа и точка“

Еспресо

„КРАЈ. Станав и си заминав“ — Нина Ред раскажа за непријатното искуство со повозрасен маж

К.С.
Се вчитува....