19:41 - 30 јули, 2026

Астропрогноза за четврток, 7 март: Промени за Близнаците, енергија за Овните

Овен

Вашата енергија ќе биде на својот врв, затоа искористете ја за решавање на проблемите и завршување на проектите. На овој ден треба да бидете креативни и да ги покажете своите таленти.

Бик

Ќе можете да најдете нови идеи и перспективи поврзани со вашата кариера. Затоа, бидете отворени за нови можности и слушајте ги сите предлози. Можеби треба да размислите за промена на вашата активност.

Близнаци

Ќе чувствувате внатрешни промени и ќе сакате да ги споделите со семејството. Вашата комуникациска способност ќе биде на високо ниво, затоа не двоумете се да ги искажете своите размислувања.

Рак

Најдете време за саморазвој и одмор од проблемите околу вас. На овој ден треба да ги правите само оние работи кои ќе ви донесат задоволство и ќе ве исполнат со нова енергија.

Лав

Не заборавајте да внимавате на вашето физичко здравје за да се чувствувате подобро. Спортувајте или прошетајте надвор – ова ќе ви помогне да се одржувате во добра форма.

Девица

Бидете отворени за совети и помош од другите. Сега ви треба поддршка и вистински зборови. Не треба да чувате сè во себе, бидејќи тоа може да доведе до емоционални сломови.

Вага

Најдете време за вашата сакана личност. Јавете се, организирајте романтична вечера…Покажете ја вашата грижа и имагинација, вашиот сакан/а ќе го цени тоа.

Скорпија

Треба да ѝ верувате на сопствената интуиција за да решите некое тешко прашање. Размислете за сите детали и ризици, а потоа донесете одлука. Денот ветува дека ќе биде исполнет со настани.

Стрелец

Не заборавајте на вашите соништа и амбиции. Можеби ќе има ситуација што ќе ви помогне да ги реализирате вашите планови. Искористете ги сите шанси на судбината и не плашете се да се изразите.

Јарец

Вашата одговорност и одлучност ќе ви донесат успех. Користете ја вашата сила и интелигенција за да го постигнете она што го сакате. Вашите ретпоставени ќе ги ценат сите ваши напори.

Водолија

Не плашете се да излезете надвор од вашата комфорна зона. Постојат различни ситуации во животот, но можете да надминете сè, дури и без да имате конкретно искуство. Верувајте во себе.

Риби

Грижете се за вашиот внатрешен мир и ментална рамнотежа. Исклучете го телефонот најмалку еден час и концентрирајте се на сопствените емоции. Опуштете се.

Слични објави

(Фото) Секоја прослава е посебна приказна со декорациите на „Магични моменти“

Еспресо

Јована Јеремиќ првпат влезе во собата на покојниот татко и се расплака: „Тоа никогаш нема да си го простам“

apostolova

(Фото) Длабоко деколте во црн атрактивен фустан: Слобода Миќаловиќ воодушеви со стајлингот

Еспресо

„Трета средба со Варшава, но пак немав среќа да ја видам сончева“: Каролина Гочева од дождливите улици на Полска

Еспресо

Елена Ристеска ги разнежни следбениците со прекрасни фотографии: „Мојата внука и јас, си пееме“

Еспресо

(Фото) Понекогаш е доволен само еден фустан за вечерта да стане незаборавна – ќе го најдете во бутикот „Прагма“ во ГТЦ

Еспресо
Се вчитува....