Стојне Николова уште еднаш покажа дека покрај музичкиот талент, има и одлично чувство за мода. Македонската пејачка на народна музика се појави во впечатлива модна комбинација на 27. издание на фестивалот на новосоздадена македонска фолк музика „Роса фест“, што викендов се одржа во Скопје.

За настапот на сцената на Македонската опера и балет, каде што ја изведе својата песна „Ајде бато“, Стојне избра елегантна долга тоалета во бордо боја. Впечатливата нијанса, која е меѓу омилените модни избори во есенските месеци, одлично се вклопи во нејзиниот гламурозен изглед.

Кројот на фустанот ја истакна нејзината фигура, а долгите ракавици придонесоа за дополнителна доза елеганција и софистицираност. Изгледот го надополни со сребрен накит и модерна фризура, со кои заокружи впечатлива сценска комбинација.

Дел од атмосферата зад сцената, како и фотографиите од своето издание за фестивалската вечер, пејачката ги сподели и со следбениците на Инстаграм.
