11:01 - 11 ноември, 2026

Водителката Сања Савеска со ново видео повторно ја разгоре љубопитноста за својот љубовен живот: „Зошто сум сингл?“

Популарната водителка на „Брза кујна“, Сања Савеска, повторно ги заинтригира своите следбеници со духовито видео на социјалните мрежи, кое отвори прашања за нејзиниот љубовен статус. Иако никогаш јавно и недвосмислено не потврди дека ставила крај на долгогодишната врска со неврохирургот Томи Камилоски, нејзините објави сè почесто се поврзуваат со љубовниот статус.
Овојпат Сања на Фејсбук сподели видео со натпис „Јас кога некој дечко ќе ми каже здраво“, во кое жена на улица бурно реагира на поздрав. Во продолжение на видеото се појавува и самата водителка, со прашањето „Зошто сум сингл?“.


„Шала на страна… Здраво“, напиша Савеска покрај видеото. Ова не е првпат водителката на духовит начин да алудира на својот љубовен статус. Летово објави видео со пораки дека сингл животот е одличен, а неодамна сподели и објава за понуда за патување во Финска наменета за слободни луѓе, која ја прокоментира со зборовите „Спасени сме“.
Савеска со години беше во љубовна врска со познатиот неврохирург Томи Камилоски, за кого во минатото зборуваше со многу љубов и почит. Во интервју за „Слободен печат“ во 2023 година, таа откри дека двајцата живеат мирен живот и дека не смета оти потписот во матично е гаранција за вечна љубов.
„Потписот не значи дека некој пар ќе остане заедно засекогаш. Ниту пак врската која не е озаконета значи дека двајцата ќе се разделат“, изјави тогаш водителката.
Таа нагласи дека љубовта, почитта и разбирањето се најважни за една врска и дека приватниот живот сака да го задржи подалеку од очите на јавноста.
Уште во 2020 година, кога стана дел од „Брза кујна“, Сања раскажа дека слободното време најмногу сака да го поминува со Томи, со кого уживале во прошетки во природа и патувања.
Во изминатиот период за нивната врска се пишуваше во медиумите, особено откако водителката престана да објавува заеднички фотографии со него.

Слични објави

(Фото) Ноемвриска распродажба во Wood room – трпезариски и клуб маси, детски плакари, канцелариски столици…

Еспресо

Јелена Карлеуша ја запознала мајката на 24 години помладиот партнер: „Поубава е од мене, вистински супермодел“

Еспресо

Десерт за славската трпеза — рецепт за посна торта „Реформ“ со ореви и чоколадо

К.С.

Дневен хороскоп за 11 ноември: Денот е поволен за размена на идеи, но не брзајте со донесување на големи одлуки

apostolova

(Фото) Сара Јо го прослави 33. роденден во друштво на најблиските, а Алексеј Бјелогрлиќ не ја испушташе од прегратка

Еспресо

(Фото) Елеганција во црвено — Анета Љумаковска во впечатлив костум покрај сопругот на „Фолк фест Роса“

К.С.
Се вчитува....