21.8 C
Скопје
03:47 - 21 август, 2026

Астро прогноза за вторник, 20 септември

Овен

Се грижите да остварите конкретни резултати и затоа ве иритира нечие двоумење или несигурност во деловните преговори. Избегнувајте ги ривалските односи и не бидете суетни пред соработниците бидејќи секој ја користи тактиката што ја знае најдобро. Планирајте средба со личност која ќе ви даде дополнителна енергија и чувства.

Бик

Вложувате многу напор, но некој нема почит кон вашите резултати и ја оспорува вашата улога. Имате добри идеи, но некој ве одбива. Не дозволувајте деловно недоразбирање значително да влијае на вашата концентрација или моќ на волја. Во односот со партнерот, малите нежности носат огромно задоволство во секој поглед.

Близнаци

Некој ќе има позитивно влијание врз вашиот начин на размислување или врз одлуките што ги донесувате. Кога покрај себе имате луѓе на кои им верувате, сè лесно се решава и успешно завршува. Со искрени намери израдувајте ја саканата личност. Уживајте во ситните нешта.

Рак

Важно е да ги исполнувате различните очекувања на добар професионален начин. Најголемото уживање или задоволство ви ја носи средбата со блиска личност, која навистина знае како да ве направи среќни. Имате впечаток дека некој друг доаѓа почесто до израз или поставува нови правила за деловно однесување.

Лав

Партнерот има необични идеи и одбива да ги слуша вашите коментари. Очекувате брзо или лесно расплетување на настаните. Треба да се дистанцирате во однос на различните непријатности, понекогаш треба да создавате во креативна тишина и без љубопитни погледи. Избегнувајте лоши навики во исхраната.

Вага

Потребни ви се доверливи информации со цел да ги завршите вашите обврски навреме или да ги задоволите различните критериуми за успешна соработка. Не треба да се залажувате со различните придобивки кои нудат само привремено решение. Понекогаш работите ги гледате само врз основа на лични стандарди.

Девица

Важно ви е да се наметнете како авторитетна личност во друштво на некој близок. Постојано се обидувате да влезете во нечија „љубовна трага“. Колегите ви забележуваат што ги ставате личните интереси на прво место или честопати практикувате самоволие. Контролирајте ја својата импулсивна природа и нервоза.

Скорпија

Избегнувајте избрзано однесување, бидејќи грешките што ги правите може да имаат двоен ефект. Обрнете внимание на новите настани кои се премолчуваат од непознати причини за вас и на необичното однесување на партнерот. Задржете ја присебноста, особено кога сте во невообичаени ситуации.

Стрелец

Нема причина да очекувате големи придобивки или нечија согласност. Насочете ја концентрацијата на решавањето на некои практични цели. Важно е правилно да го процените редоследот на потезите што водат до деловниот успех. Воздржете се од разни провокации. Нечие однесување или емотивна улога лесно може да ве измами.

Јарец

Денес ќе одбивате да прифатите нечија улога во преговорите и не сакате да се наоѓате надвор од главните настани на деловната сцена. Вие се управувате според своите морални принципи и инсистирате на ефекасни решенија. Некој е до вас и ве поттикнува на добро расположение и на активна улога во различни ситуации.

Водолија

Во согласност со афинитетите, вие знаете како да создадете романтична атмосфера и да привлечете нечие внимание. Бидете мудри и промислени. Повнимателно набљудувајте ја околината и направете сè што е потребно за да ги разјасните заедничките дилеми. Важно е да дејствувате доволно инспиративно на партнерот.

Риби

Нема причина да се крие вистината кога се среќавате со некој близок. Потребна ви е нечија наклонетост. Делувате динамично и на соработниците им е потешко да го следат забрзаното темпо. Треба да се прилагодите. Ќе се чувствувате најдобро со личност која добро ја познавате.

Слични објави

(Фото) Сека Алексиќ ужива на јахта на црногорското крајбрежје – пејачката ја истакна новата фигура во провокативен фустан

Еспресо

(Фото) „Мојата љубов, моето сè“: Јована Јеремиќ блеска од среќа, а Тигар не се одвојува од неа

Еспресо

„Не можам да лажам, сакав веднаш да платам“: Сопругата на Сергеј Трифуновиќ ја раскажа својата страна на приказната за инцидентот во трговскиот центар

Еспресо

(Фото) Згодната сопруга на Милош Биковиќ во тесно трико направи хаос на Инстаграм

Еспресо

Совети од Клиника „Жан Митрев“: DISE – прецизно откривање на причината за ‘рчењето и слип апнеа

Еспресо

Мала Цана изнесе тешки обвинувања против ќерките на Андрија Бајиќ: Тврди дека доживеала физичко и вербално насилство

E.A.
Се вчитува....