6.8 C
Скопје
03:24 - 27 април, 2024

ШТО НИ ПОДГОТВИЈА ЅВЕЗДИТЕ ЗА 14. ЈАНУАРИ: Овните ќе бројат пари, Биковите ќе повредат некој сакан, а Близнаците ќе имаат многу додворувачи

дневен хороскоп

Овен

Денот е одличен за се што е поврзано со пари и финансиски трансакции. На емотивно поле, користете имагинација, илузија, соништа за да стигнете до целта. Интензивиран љубовен живот за слободните, повеќе енергија, излегувања, средби. Метеоропатите ги мачи времето.

Бик

Внимавајте на зборовите што ги изговарате денес. Несакајќи, можете да повредите некого. Отворете ги мислите за новитети. Во љубовта повеќе следете ги емоциите и помалку ветувајте. Логиката нема да ви донесе среќа на ова поле. Квалитетот на љубовната врска ќе се подобри само ако не го притискате партнерот. Сомничавоста ви ја кочи среќата.

Близнаци

За вас денот мое да биде многу интересен и инспиративен. Секогаш имате работа, а имате и мотивација. Во љубовта, додворувачите се насекаде околу вас. Одамна немало толку наплив на погледи вперени во вас и додворувања во вашиот живот. Совет и здравје: Проблеми со притисокот и чувство на замор.

Рак

На деловно поле, динамика уште на самиот старт на денот. Важно е повеќе да работите, ќе бидете поисполнети и позадоволни од постигнатото. На емотивно поле, во своето настојување да ѝ се приближите на една личност, тоа не ви оди баш успешно. Оставете на времето. Не настојувајте по секоја цена.

Лав

Ќе ги извртувате зборовите на другите онака како што вам ви одговара, па нема да носите правилни одлуки. Одолејте му на искушението да му се јавите на поранешниот партнер или да му дадете втора шанса. Можно е да ги потцените раните кои ви ги нанел. Ако сте во врска, не дозволувајте врската да ви стагнира. Постојано правете нешто ново со саканиот за да ја носите нагоре и нагоре.

Девица

Денес многу вистини ќе излезат на виделина, бидете подготвени за непријатни разговори. Не трошете енергија на работа, фокусирајте се повеќе на емотивниот живот. Ова е идеален ден да ги поставите љубовните прашања кои ги одложувате со месеци, а кои ви носат немир. Но, притоа, обидете се да бидете трпеливи и другата страна да ја сослушате до крај.

Вага

Поведете сметка со кого ќе дружите денес, бидејќи ова е специјален ден за вас. Потрудете се да бидете во друштво на позитивни и блиски луѓе, кои не ве оптоваруваат со мрачни мубаети. На деловно поле, однепред поставете си ги целите за претстојните неколку денови. Така ќе знаете што точно да очекувате. Неопходно е да бидете помеки со зборовите.

Скорпија

Се зголемува бројот на повици и понуди за соработка и работа на нова работа, проект или проширување на старата. Во љубовта, сами ќе иницирате една средба која ја одложувате со недели. И нема да се разочарате од средбата. Совет и здравје: Проблеми со дишните патишта, синусите, настинка…

Стрелец

Секогаш сакате искрена комуникација, без скриени намери и сплетки. Вие не умеете да лажете, а поради тоа треба да бидете горди на себе. Во љубовта, бидете благодарни за нештата кои ги имате, наместо да копнеете по оние кои ги немате. Не ги игнорирајте поканите што ги имате од една многу интересна личност. Прифатете ја поканата за средба.

Јарец

Најголемо задоволство ќе ви претставува тоа што ќе немате преостанати обврски во вашиот тефтер, поради што ќе бидете неизмерно среќни. Посветете се на семејството, на семејните активности. Правете нешто заедничко. Во љубовта, неразмислувајќи правите погрешни чекори и создавате сомнежи кај партнерот.

Водолија

На деловно поле, сакате повеќе да се фокусирате на работните места кои ве очекуваат за да постигнете подобри резултати на ова поле. Во љубовта, најубаво се чувствувате кога сте покрај саканата личност. Ќе се осмелите да му предложите да почнете да  живеете заедно, под ист покрив.

Риби

На деловно поле, амбициозни сте и сакате на сите да им покажете дека сте подготвени напорно да работите на деловниот план за да стигнете далеку. На емотивно поле, прекумерното сомневање од ваша страна може на некој начин да ја оддалечи саканата личност од вас. Здравје: Она што е хронично кај вас, ви се враќа во овој период.

 

 

 

 

Слични објави

Кој е владиката Иларион кој го предводеше погребот Бојана Јанковиќ: Глумеше во популарна серија, па се замонаши

еспресо

(Видео) Драгана Мирковиќ со куфер во рака на аеродромот во Белград: Налета на Теја Дора која патува на Евровизија

Еспресо

Погребана Бојана Јанковиќ: Водителката испратена со песна, нејзиниот поранешен сопруг одржа трогателен говор

Еспресо

(Фото) Најновото огласување на Никола Роквиќ на патот кон Грција ги остави сите без текст: Не можете да замислите каква сума собрал!

Еспресо

Теа Таировиќ конечно вљубена до уши! Еве кој е згодниот дечко на атрактивната пејачка

Еспресо

(Видео) Обезбедувањето на раце ја изнесе Цеца од концертот: Боса едвај го задржа фустанот

Еспресо
Се вчитува....