3.8 C
Скопје
20:19 - 20 декември, 2024

МИРНО ЈА ОЧЕКУВА СМРТТА: Касили Пирсон со порака до сите! (ФОТО+ВИДЕО)

Ги игнорирала сомнителните младежи, а сега умира од 7 поврзани тумори на мозокот 

Бојата на кожата, светлиот тен и изложеноста на ултравиолетово зрачење и честите изгореници од сонце во младоста се фактори на ризик за развој на меланом, како и големи вродени бемки или синдром на диспластичен крт, велат дерматолозите.

Фото: Инстаграм

Касиди Пирсон (27) од Минесота во САД, ја документираше својата битка со ракот на кожата преку серија видеа што ги објави на „ТикТок“.

– Младежот беше со големина на гума за моливи, ме чешаше, беше сув, крвареше кога ќе се почешав. Немаше боја и ја промени формата. Ги имав сите симптоми – се сеќава таа и додаде дека не може да си прости што не презела веднаш нешто.

Во тоа време била бремена, па тоа било уште една причина зошто не обрнувала многу внимание на младежите. Таа вели дека немала ниту здравствено осигурување, па чекала до 21 година за да оди на лекар. Брзо потоа ѝ бил дијагностициран меланом, најопасниот вид на рак на кожа кој веќе се проширил низ нејзиното тело.

Фото: Инстаграм

– Направија биопсија на младежот, а две недели подоцна ми беше дијагностицирана меланом од 3 степен, кој веќе се проширил на лимфните јазли. Ги прашав докторите што значи тоа, затоа што не знаев. Ми објаснија дека постојат неколку различни видови на рак на кожата, а меланомот е смртоносен, а јас го имав – продолжи таа.

Касиди тврди дека нејзиниот прв онколог не спровел никаков третман на почетокот, и дека една година подоцна, меланомот преминал во 4 -та фаза, односно дополнително метастазирал по целото тело, вклучително и мозокот. Одлучила да побара мислење од друг лекар кој ја советувал веднаш да започне со агресивни третмани – хемотерапија, зрачење и хирургија.

Фото: Инстаграм

– Беше тоа долго патување. Ми направија делумна замена на колкот, ми отстранија половина од десното белодробно крило, ми направија ресекција на дебелото црево (хируршко отстранување на дел од дебелото црево), поминав два циклуса хемотерапија и четири, пет циклуси на зрачење и други видови на зрачење – се потсети таа и додаде:

– Бев на разни имунотерапии, клинички испитувања, лекови. Тоа беше многу, многу долг пат

На почетокот на оваа година следеле најлошите можни вести – за неа нема спас. Откриени се седум нови тумори во нејзиниот мозок. Лекарите ја советувале да ги помине последните денови во болница. Таа ги послушала и наскоро била хоспитализирана.

Можеби неколку месеци, можеби и неколку години. Не знам колку ми останува, но знам дека не е многу – изјави Касиди Пирсон.

Ова малку време што ѝ преостанува, го користи да ги предупреди луѓето дека не треба да ги игнорираат промените на кожата како неа. Ако отишла на преглед веднаш, денес безгрижно ќе го растела својот син.

@ohhkayypee Just a little update! Wasn’t feeling great yesterday. Doing better today!#dying #melanoma #ChewyChattyPets #MyTeacherWins #MicroRaveWithRoni #fyp ♬ original sound – Ohhkayypee

– Проверете ја кожата. Одете на преглед најмалку еднаш годишно, и ако видите нешто сомнително, посетете лекар и претходно, порачува Касиди Пирсон, а пренесува Daily Mail.

Слични објави

(Фото) Деколтето во преден план: Данијела Димитровска „пука“ од сексапил во целосно бела комбинација

Еспресо

(Фото) Чантата на Јелена Томашевиќ вреди колку зимување на Копаоник: Сите зборуваат за ова модно парче

Еспресо

(Фото) Поранешниот сопруг на Драгана Мирковиќ ужива за сите пари: Чаша бело вино и нереална глетка на убава дестинација

Еспресо

По раскинувањето со Зоран Марјановиќ, Инди откри валкани детали за поранешниот: „Манипулатор кој ми го испра мозокот“

Еспресо

Оваа земја ќе биде засекогаш исфрлена од Евровизија? Има една причина

Еспресо

Разоткриен просекот на оценките на Јована Јеремиќ од факултет: Сакам да ги нервирам квазиинтелектуалците

Еспресо
Се вчитува....