02:44 - 8 ноември, 2026

СЛАВЧО ПОПОСКИ НАЈАВУВА: Зголемување на облачност и појава на повремен локален дожд

– Како што најавивме, од утре па натаму ќе има зголемување на облачност и ќе има појава на повремен локален дожд. Ќе дува слаб до умерен, а во понеделник и тоа во западните предели повремено засилен ветер од југозападен правец  – вели нашиот метео прогнозер Славчо Попоски.

Температурите и понатаму ќе бидат значително над просекот за овој период од годината и максималните ќе се искачуваат во интервалот од 12 до 19 степени.

Заладување на времето ќе има во вторник, кога врнежи од дожд ќе има на повеќе места и истите локално ќе бидат ПОИНТЕНЗИВНИ, и на повисоките места и на планините ќе преминуваат во врнежи од снег. Услови за врнежи од снег во вторник ќе има и на некои места со помала надморска височина, и тоа особено во северните предели. Сево ова ќе биде проследено и со засилен ветер од северен правец.

Температурите во вторник ќе бележат тенденција на позначителен пад и максималните дневни ќе се искачуваат во интервалот од 5 до 13 степени во најтоплите предели од државава.

И во Скопскиот регион од утре па натаму ќе има зголемување на облачноста и ќе има услови за повремен локален дожд. Поголеми услови за врнежи ќе има во вторник, кога ќе дува и засилен ветер од северен правец и ќе има заладување на времето. Температурите ќе се искачуваат во интервалот од 10 до 17 степени.

Слични објави

Викенд-појадок што мириса на детство — меки ролнички со сирење, готови за помалку од еден час

К.С.

Што да јадете за подобра меморија? Овие намирници можат да помогнат во зачувувањето на здравјето на мозокот

К.С.

(Видео) „Ѕвона ѕвонат“ – љубовната балада на Љупка Димитровска и по 36 години буди спомени

Т.Ц.

„Не јадам повеќе од порано, а се дебелеам“ – кога сопственото тело ќе престане да нè слуша

Еспресо

Есенски десерт што мириса на цимет — направете вкусни емпанади со тиква

Еспресо

Врвна изработка, оригинален дизајн, пристапни цени – Одберете уникатни клуб-маси од орев и епоксидна смола од Wood room

Еспресо
Се вчитува....