35.5 C
Скопје
13:07 - 27 јуни, 2026

(РЕЦЕПТ) БОЖИЌЕН КОКТЕЛ: Во Чиле го викаат мајмунска опашка – со причина!

„Cola de Mono“ е пијалок во Чиле со кој се чека доаѓањето на Виехито Паскуеро познат како Дедо Мраз и се прославуви Новата година. Често се служи со уште еден чилеански божиќен симболичен рецепт, колачот – Христов Леб.

(РЕЦЕПТ) ХРИСТОВ ЛЕБ: Креолска верзија на совршениот Божиќен колач

Божиќниот пијалок се подготвува со цимет, каранфилче, морско оревче и ванила, млеко, кафе, шеќер и бренди. Се разбира, сосема е можно да се подготви безалкохолна верзија со испуштање последната состојка. Овој пијалок е толку популарен во Чиле што се продава и шишиња подготвени за пиење.

„Cola de mono“ буквално се преведува како „мајмунска опашка“ на шпански. Некои велат дека откако ќе го испиете овој добро избалансиран алкохолен коктел, ќе се лулате како мајмун од гранка до гранка.

Потребни состојки:

  • 1 л млеко
  • 300 мл бренди (може да заменете со ракија)
  • 1 прстофат морско оревче
  • 3 каранфилчиња
  • 1 стапче цимет
  • 3 лажици инстант кафе
  • 2 жолчки
  • 75 гр шеќер
  • 1 лажичка природен екстракт од ванила

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Ale Mora Jarufe (@cocinaresmiterapia)

Инструкции:

  • Во нелеплива тава истурете го млекото. Додадете ги каранфилчето, морското оревче и стапчето цимет. Загрејте на средно-висока температура, внимателно за да не се прелие млекото.
  • Кога млекото е малку жешко, земете малку и растворете го кафето во помал сад. Раствореното кафе истурете го во тавата и измешајте. Продолжете да го загревате млекото, повремено мешајќи.
  • Во средна чинија изматете ги жолчките и шеќерот една минута.
  • Откако млекото ќе зоврие, намалете ја температурата на најниска, земете една кутлача млеко и додајте го во зашеќерените јајца со постојано матење.
  • Постепено додавајте 3 лажици млеко, додека продолжувате со матење. Истурете сè во тенџерето со врело млеко и продолжете да загревате и мешате додека не се згусне.
  • Зголемете ја температурата на средна и варете уште 3 минути без мешање.
  • Оставете да се излади и додадете ги ванилата и брендито/ракијата. Добро измешајте. Вкусете ги и прилагодете ги шеќерот и/или алкохолот по вкус.
  • Флаширајте и ставете го во фрижидер 3 часа пред да го консумирате. Да се ​​чува во фрижидер до 10 дена.

ВО МАКЕДОНИЈА, КАКО ВО ЊУ ОРЛЕАНС: Пудинг од стар леб – Декадентен рецепт со долга историја!

Слични објави

Идеално освежување за жешките денови – домашен леден чај кој можете да си го прилагодите според вкусот

Т.Ц.

(Фото) Сите девојки го обожаваат: Маја Шупут го носи најпосакуваниот костим за капење

Еспресо

Ве нервираат жолтите дамки на перниците? Еве како наједноставно да им ја вратите белината

Т.Ц.

Водителката на „Никогаш не е доцна“ ги оперирала бутовите, на 40 години се подложила на естетска операција

Еспресо

Пајак емотивно за родителите: „Да не биде доцна, не дај Боже – да си ги почитувате и да им се јавувате“

Еспресо

Хороскоп за 27 јуни: Раковите ќе уживаат со партнерот, Јарците ќе започнат со нови проекти

Еспресо
Се вчитува....