0.8 C
Скопје
20:07 - 13 јануари, 2025

Арсовска раскрсти уште со двајца директори, тие обвинуваат дека се води хајка и лична пресметка

Вршителот на должност директор на јавното претпријатие Градски паркинг Бојан Христовски и неговиот колега директорот на ЈП „Дрисла“ Јане Мицевски денеска поднесоа оставки за кои свои образложенија дадоа на Фејсбук. И двајцата причините за оставката велат дека се потикнати поради тоа што не можеле да остварат соработка со градоначалничката.

Веднаш по објавите за своето заминување од фукциите на двајцата директори свој став изнесе и градоначалничката Данела Арсовска.

– Поради несоодветно работење, неиспорачување резултати и непочитување на насоките на градот Скопје, директорите добија понуда да си дадат оставка или да бидат разрешени. Градот Скопје е град на сите скопјани, затоа сите носители на овие одговорни раководни функции во градот се должни да даваат отчет пред граѓаните, а не пред партиските лидери, вели Арсовска и порача дека Скопје мора да биде модерен град, град за сите скопјани.

Овие две оставки следуваат откако Арсовска вчера отпушти двајца – в.д на скопското јавно претпријатие „Водовод“ Златко Пирински и генералниот секретар на Град Скопје Ѓоко Велковски кој пак објави дека не бил разрешен, туку дека сам поднел оставка.

Христовски заминува по само 8 месеци откако ја презеде функцијата.

„Вчера бевме сведоци на политичко-медиумска конструкција против директорот на едно јавно претпријатие и секретарот на град Скопје, при што без никакви факти и аргументи истите беа експресно „елиминирани“, вели Христовски.

Тој во своето образложение на оставката вели дека „поради незаинтересираноста на првиот човек на градот за потребите на скопјани и градски паркинзи, како и поради драстично намалената поддршка на проектите кои со сопствени средства ги реализирале“ поднесува неотповиклива оставка.

Христовски наведува дека имало нарушената координација со градоначалничката и дека тоа е сериозна опасност за непречено функционирање на скопската локална самоуправа, а на штета на граѓаните.

Немањето на координација и достапност со градоначалничката Арсовска е една од причините за оставка и на директорот на „Дрисла“ Јане Мицевски.

„Во такви едни услови сметам дека првенствена задача за еден градоначалник не смее да биде личната пресметка и хајка кон поединци, каква што видовме вчера, туку посветување на приоритетите и проектите кои се основна задача. Дополнително „Дрисла“ се соочува со сериозен проблем поради сметките за струја кои се сериозен удар на претпријатието, а за жал до сега претпријатието нема никаква поддршка од Градот Скопје. Поради сето ова јас денес си поднесувам неотповиклива оставка од местото прв човек на Дрисла“, вели Мицевски.

 

Слични објави

(Видео) Круна, цвеќе и балони! Лепа Лукиќ изненадена за 85. роденден, пејачката „пука“ од среќа

Еспресо

„Сине, јас сум болна…“: Дара Бубамара се присети на последниот разговор со покојната мајка

Еспресо

(Фото) Балони во форма на срце и емотивни зборови: Прослава кај Јована Пајиќ, Марија Шерифовиќ ѝ приреди изненадување

Еспресо

Јована Јеремиќ повторно патува за Америка: Ќе присуствува на инаугурацијата на Трамп

Еспресо

Останал заробен во својот дом: Млад актер загина во пожарот во Лос Анџелес, мајка му сподели трогателна објава

Еспресо

(Фото) „Со себе зедовме само два куфера!“: Српската актерка што живее во Лос Анџелес го сподели емотивното искуство со пожарите

Еспресо
Се вчитува....