6.8 C
Скопје
01:01 - 7 октомври, 2026

Засладете се со вкусни божиќни медењаци

Состојки:

– 5 чаши брашно
– 2 јајца
– 1 чаша шеќер
– 1 чаша мед
– 1 чаша масло
– 1 ванилин шеќер
– 2 лажички сода-бикарбона
– прстофат сол
За ројал преливот:
– 3 големи белки
– 1 лажица екстракт од ванила
– 500 г прав шеќер

Подготовка:

Чашата со која мерите состојки нека е иста. Ако земете чаша за млеко или голем филџан за кафе, со едно од нив мерете ги сите состојки.

Во поголем сад ставете го прво медот со содата и изматете. Во друг помал сад изматете ги јајцата со шеќерот и ванилиниот шеќер. Оваа смеса додајте ја во садот со мед и измешајте. Потоа додавајте го маслото и матете со миксер на најниска брзина.

Откако ќе завршите со маслото, почнете да го додавате брашното полека, додека матите со маталки за тесто. Кога ќе биде тестото готово, ставете го на работна површина. Со сукало расукајте кора дебела 5 мм. Земете калапи за божиќни колачи и исечете форми.

Редете ги во плех обложен со хартија за печење и печете ги во рерна загреана на 180 степени, додека поруменат. Оладените колачи декорирајте ги со ројал преливот кој се приготвува од матени белки со прав шеќер и ванила екстракт.

По желба можете во преливот да ставите прехранбени бои и да ги шарате колачите.

Слични објави

Тајната на совршено похуваниот ослич и трикот за коричка што не се распаѓа

Т.Ц.

Рецепт за чорба од тиква, идеална за сите што имаат проблеми со желудникот, цревата и црниот дроб

Т.Ц.

Вера, Надеж и Љубов, трите маченички на чија смрт сведочела мајка им Софија

Т.Ц.

Зимница без конзерванси на која нема да ѝ одолеете: Кисели пиперки во тегла

Еспресо

Иконата што постојано се враќала кај изворот: Легендата за манастирот „Пречиста“ кај Кичево

Т.Ц.

Време е за зимница: Туршија со црвен кромид

Т.Ц.
Се вчитува....