13:05 - 7 септември, 2026

Запечени компири со сланина и кајмак

Состојки:
– 1 кг компири
– 200 гр сланина
– 200 гр кашкавал
– 5 лажици кајмак
– сол, бибер
– магдонос

Подготовка:

Компирите добро измијте ги пред подготовката, а потоа отстранете го горниот дел
од едната страна, па издлабете ја средината.
Зачинете ги по вкус и наредете ги врз плех обложен со хартија за печење, па
покријте со алуминиумска фолија.
Ставете ги во рерна претходно загреана на 200 степени и печете околу 45 минути.
За тоа време, исечете ја сланината на помали коцки, а кога ќе ги извадите
компирите од рерната, врз секој од нив рамномерно распоредете ја сланината, па
ставете по една полна лажичка кајмак.
Вратете ја фолијата, па печете уште 15 минути. Извадете го компирот и врз секој
ставете од богато изренданиот кашкавал, посипете со магдоносот и вратете го во
рерната за сѐ заедно да се запече уште 20 минути.

Слични објави

Необичен но вкусен рецепт: Печени тиквички со леб

Т.Ц.

5 совети кои треба да ги имате на ум кога купувате домати

Т.Ц.

Полнет модар патлиџан на турски начин

Т.Ц.

Манастирот „Св. Никита“: Седум века историја, прочуени зографи и камен за кој се верува дека исполнува желби

Т.Ц.

Заветот на овчарот – зошто секоја година се дава ручек во Скребатинскиот манастир на празникот Голема Богородица

Еспресо

Легендата за „Трескавец“ – манастирот што „сам“ го избрал своето место

Т.Ц.
Се вчитува....