34.8 C
Скопје
17:12 - 10 септември, 2026

ВКУСОТ НА МЕДИТЕРАНОТ: Грчки лепчиња (РЕЦЕПТ)

Состојки:

300 гр брашно
200 гр маргарин
150 гр исечкани маслинки
150 гр сирење
1 јајце
20 гр квасец
2 лажички вода
200 гр јогурт

За премачкување:

1 јајце
оригано или босилек

Подготовка:

Брашното ставете го во длабок сад, а врз него изрендајте го маргаринот, додајте ги сирењето, исечканите маслинки, јајцата и јогуртот. Доколку сирењето е солено, нема потреба да додавате дополнително количество сол. Потоа, изматете го квасецот со две лажици вода и истурете го во брашното. Сите состојки потребно е убаво со рака да ги измесите и да добиете меко тесто. Вака добиеното тесто оставете го да отстои околу 30 минути.

Откако ќе помине потребното време, истурете го тестото на работна површина и повторно убаво измесете го, а потоа со сукало растегнете го со дебелина од околу три сантиметри и вадете ги лепчињата со помош на поголема чаша.

Откако ќе ги подготвите сите лепчиња, намачкајте ги со јајце и посипете ги со оригано или босилек (по ваша желба).

Вака подготвените лепчиња, ставете ги да се печат во претходно загреана рерна на 200 степени околу 25 минути.

Слични објави

Лесен е за приготвување и воопшто не е скап – Колач со диња и вишни

Т.Ц.

Рецепт за превкусни модри патлиџани со моцарела

Т.Ц.

Необичен но вкусен рецепт: Печени тиквички со леб

Т.Ц.

5 совети кои треба да ги имате на ум кога купувате домати

Т.Ц.

Полнет модар патлиџан на турски начин

Т.Ц.

Манастирот „Св. Никита“: Седум века историја, прочуени зографи и камен за кој се верува дека исполнува желби

Т.Ц.
Се вчитува....