04:29 - 10 ноември, 2026

(ВИДЕО) РЕЦЕПТ ЗА ДОМАШЕН ЛЕБ СО ПУТЕР: Воздушен и мек, а притоа останува свеж три дена!

Ова саботно попладне искористете го да направите еден популарен рецепт за домашен леб со путер. Традиционално се прави со путер, но може и со маргарин, а вкусот ќе ве воодушеви.

Состојки:

– 1 кг. брашно
– 700 мл. млака вода
– 100 гр. путер (и 30 гр. за премачкување)
– 1 кесичка сув квасец или 30 гр. свеж
– 1 лажичка шеќер
– 1,5 лажички сол

Подготовка:

Измешајте ги водата, путерот, шеќер и солот со малку брашно. Потоа постепено додавајте го брашното се додека не ја потрошите цела количина и не добиете убаво тесто. Покријте го тестото и оставете го еден час на собна температура да мирува.

Промешајте, направете три помали лепчиња или еден поголем. Ставете го лебот на намастениот плех и оставете го да отстои половина час.

Премачкајте со малку повеќе путер одозгора и направете неколку пати рез со нож на лебот пред да го подготвите за печење. Печете околу 40 минути на 220 степени. Ако правите еден голем леб, наместо 3 помали печете го на 200 степени околу 50 минути.

Погледнете ја целата постапка во видеото:

Слични објави

Огњен Амиџиќ призна за што се кае во животот, па изненади со ставот за луѓето кои не сакаат семејство

Еспресо

Фризерот на Цеца ја критикуваше Александра Пријовиќ: „Ѝ недостига коса, не сè што е скапо е и добро“

Еспресо

„Јас сум аждаја за него“: Карлеуша првпат проговори за своето 24-годишно мoмче, а откри и дали се запознало со Душко Тошиќ

Еспресо

Милан Станковиќ се вратил во манастир: Рада Манојловиќ ги откри деталите

Еспресо

(Фото) Најбогатата српска актерка сподели радосни вести, слави во вилата од 4,5 милиони долари

Еспресо

(Фото) Колинда Грабар-Китаровиќ се појави во Рим облечена во палто од 4.000 евра

Еспресо
Се вчитува....