23.8 C
Скопје
13:08 - 30 септември, 2026

Торта со пишкоти и јагоди

Состојки:

500 гр пишкоти
2 пудинзи од чоколадо
300 мл млеко
4 лажици шеќер
1 пудинг од јагоди
400 мл млеко
250 мл слатка павлака
5 лажици шеќер во прав
200 гр свежи јагоди

Подготовка:

Во соодветен сад наредете еден ред пишкоти. Потоа околу обрачот на тавата наредете ги останатите пишкоти вертикално така што ќе формираат круг.

Потоа започнете со подготовката на филовите.

Сварете ги пудинзите од чоколадо и јагода одделно. Потоа изматете ја слатката павлака.

Врз пишкотите најпрвин истурете го филот со чоколадо, потоа од јагода и на крај ставете ја слатката павлака. Декорирајте со јагоди.

Вака подготвената торта оставете ја да отстои во фрижидер најмалку 3 часа.

Слични објави

Вера, Надеж и Љубов, трите маченички на чија смрт сведочела мајка им Софија

Т.Ц.

Зимница без конзерванси на која нема да ѝ одолеете: Кисели пиперки во тегла

Еспресо

Иконата што постојано се враќала кај изворот: Легендата за манастирот „Пречиста“ кај Кичево

Т.Ц.

Време е за зимница: Туршија со црвен кромид

Т.Ц.

Ретко кој може да ѝ одолее на оваа феноменална пита со сезонско овошје

Т.Ц.

Лесен е за приготвување и воопшто не е скап – Колач со диња и вишни

Т.Ц.
Се вчитува....