21:20 - 10 ноември, 2026

Затоа е ГОЛЕМ: На Раде Шербеџија не му е проблем да чека во ред како и сите останати луѓе!

Популарниот актер вели дека во неговиот Загреб тој е „обичен“ човек како и сите други…

Славниот актер Раде Шербеџија гостуваше во емисијата „Во свој филм“, каде зборуваше за богатата кариера во својот живот. На самиот почеток откри дека неговиот татко не го поддржувал во тоа да стане актер.

– Татко ми секогаш беше против тоа да станам актер. Бев добар ученик и спортист. Тој сметаше дека ќе завршам факултет. Сакаше да бидам доктор или инженер. Сакав книги и сакав да запишам книжевност. Жената во книжарата ми кажа дека сум рекордер во земање книги – рекол Раде, а пренесува „24сата.хр“.

 

View this post on Instagram

 

Rade Šerbedžija ❤️? . . . . #gloria25 #gloriamagazin #gloriahr #radeserbedzija

A post shared by Gloria.hr (@gloria.hr) on

Славата никогаш не го удри во глава и покрај големата популарност.

– Јас и во тоа време во Загреб бев некако популарен во анкетите кои се правеа седум години по ред. Златен венец, Студио, тоа некогаш беше познато. Немав проблеми со тоа, бидејќи некако ги навикнав своите сограѓани дека се однесувам нормално. И никогаш од тоа не правев голема помпа. Да кажеме, за мене е нормално да стојам во ред како и сите други во продавница. Не барам протекции и слично – изјавил популарниот актер.

Слични објави

(Фото) Елеганција во црвено — Анета Љумаковска во впечатлив костум покрај сопругот на „Фолк фест Роса“

К.С.

(Видео) Мијата со симболичен подарок ѝ пренесе на Емели Санде дел од македонската традиција

Еспресо

Ѓина Џиновиќ со емотивна порака ѝ го честиташе роденденот на мајка си Мелина: „Ти си мојот најголем пример…“

apostolova

Колегите ја обвинија Мина Костиќ за кражба: „Зеде 500 евра, ја бркаа по град и бегаше на помошен излез“

Е.А.

Си зедов дама родена, уф, што ми е погодена – „Ѕма, Ѕма, Ѕм“ повторно живее, Дац и Александар го вратија хитот од 1978 година во чест на Славе Димитров

Т.Ц.

Утре се отвора моќниот портал 11:11, ден за исполнување желби и нови почетоци — eве што треба да направите

К.С.
Се вчитува....