21:34 - 11 јули, 2026

Нови снимки прикажуваат како две ракети го погодиле украинскиот авион во Техеран (ВИДЕО)

Објавени се нови инсерти од моментот кога две ракети го погодија украинскиот патнички авион над иранската престолнина, при што загинаа 176 лица во авионот.

Њујорк Тајмс објави видео од безбедносните камери за кое се вели дека го потврдиле неговиот кредибилитет. На него се гледа како во интервал од 30 секунди се испукуваат две ракети.

Авионот може да се види како лета неколку минути потоа, запален, обидувајќи се да се врати на аеродромот во Техеран, наведува медиумот. Неколку минути подоцна експлодира и се урна.

Техеран со денови ги демантираше извештаите дека е урнат Боингот 737-800.

Претходното видео објавено во петокот, исто така, покажува како авионот бил погоден од ракета.

Видеото, објавено од Њујорк Тајмс и Си-Ен-Ен, се совпаѓа со изјавите на канадски, американски и британски официјални претставници кои рекоа дека разузнавачките информации сугерираат дека иранските ракети го урнале авионот.

Авионот може да се види како лета неколку минути потоа, запален, обидувајќи се да се врати на аеродромот во Техеран, наведува медиумот. Неколку минути подоцна експлодира и се урна.

The post Нови снимки прикажуваат како две ракети го погодиле украинскиот авион во Техеран (ВИДЕО) appeared first on Слободен печат.

Слични објави

Дали ова ќе биде сон што ќе згасне? Марко Пејчиновски објави дека можеби ќе престане да плива

Еспресо

Шпанија ја посетиле рекордни 10 милиони туристи во мај, потрошиле 13,5 милијарди евра!

Еспресо

Дневен хороскоп за 17 јуни: Размислете добро пред да донесете одлука

E.A.

Пеколен крај на мај во Европа: Паѓаат рекорди, температурите одат и до 40 степени

Т.Ц.

Франција ја забрани продажбата на Ајфон 12, поради преголемо зрачење

Еспресо

Небото ќе го осветли Нишимура, феномен кој се случува еднаш на 435 години: Вечерва поминува кај нас

Еспресо
Се вчитува....