12:58 - 29 ноември, 2026

Совршен рецепт за мрзлива пита: Кога ќе ја пробате, нема да ве мрзи да ја направите повторно

Не се знае зошто оваа пита се нарекува „мрзлива“, но сигурно е дека кога еднаш ќе ја пробате, нема да ве мрзи да ја направите повторно.

Потребни состојки:
3 јајца
70 мл јогурт
70 мл вода
50 мл масло
1/2 пециво
300 гр брашно
сирење, праз, сувомеснато

Постапка:
Во еден сад измешајте ги прво течните, па додадете ги сувите состојки. Додадете додатоци по желба, може спанаќ, праз, сирење… Префрлете ја смесата во плех со хартија за печење. По желба одозгора можете да ставите семки и сусам. Печете ја питата во претходно загреана рерна на 200-220 степени. Ќе знаете дека е готова кога ќе ја боцнете со чечкалица и чечкалицата ќе биде сува. Оставете ја кратко да се излади, па исечете ја и послужете ја.

Во продолжение погледнете уште еден рецепт за мрзлива пита:

Слични објави

Кремасто и вкусно, готово за 15 минути — рецепт за пире од карфиол кое е одлична замена за пирето од компири

К.С.

Меки како облак, а не се пржат во масло — рецепт за домашни крофни од рерна

К.С.

Совршен десерт за студените денови — рецепт за сочен колач со цимет и овесно брашно

К.С.

Тајната е во една евтина состојка — рецепт за совршено крцкаво и сочно похувано пилешко месо

К.С.

Рецепт за француски колач со јаболка и ванила – неодоливо сочен десерт со мирис на есен

К.С.

Рецепт за совршен качамак без грутки – тајната за кремаста текстура е во еден едноставен трик

К.С.
Се вчитува....