25.8 C
Скопје
16:16 - 29 април, 2024

Познатата актерка откри дека немала секс шест години: „Имам две мали девојчиња и не сакам да носам мажи дома“

Познатата американска актерка Дру Баримор откри дека не била во врска откако се разведе со Вил Копелман во 2016 година и додаде дека нејзиниот поглед кон сексот е целосно променет.

Неодамна на својот инстаграм-профил таа објави фотографија на која држи лаптоп, додека во објавата ги наведе своите следбеници да прочитаат „многу интимна приказна“ што самата ја напишала, а се однесува на апстиненција на една самохрана мајка.

„На речиси 48 години се чувствувам сосема поинаку во однос на интимноста отколку кога растев. Немав родители за пример, а од мала се дружев со луѓе на возрасен начин“, откри актерката позната по улогата во „Чарлиевите ангели“.

Таа во една прилика кажа дека барала „возбуда, признание и авантура“ преку сексот, а со оглед на тоа дека не постои начин да го промени своето минато, одлучила позитивно да гледа на работите.

„Откако добив две деца и се разделив од нивниот татко, го променив фокусот кога станува збор за љубов, кон самата себе и кон моите две ќерки“, продолжи таа, додавајќи дека во тоа не ги вклучува мажите веќе некое време.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Drew Barrymore (@drewbarrymore)

Потоа кажа дека нејзиниот терапевт ѝ рекол дека сексот не е љубов, туку само израз на љубов.

„Цел живот барав зборови кои ќе ми помогнат да ја разберам разликата и сега благодарение на него ја разбирам“, истакна филмската ѕвезда.

„Откако сум самохрана мајка, не можев да имам интимна врска“, рече таа и нагласи дека можеби наскоро ќе може да влезе во врска, но дека тоа во никој случај не ѝ е приоритет.

„Јас не сум личност на која ѝ треба секс. Јас сум некој кој е длабоко посветен на поттикнување на начинот на кој младите жени, моите ќерки и јас како жена, треба да функционираме во овој свет“, рече Баримот.

Потоа појасни дека не го мрази сексот, туку едноставно сфатила дека љубовта и сексот не се иста работа.

Актерката во нејзината емисија „The Drew Barrymore Show“ откри дека може да нема секс со години, откако дозна дека актерот Ендру Гарфилд шест месеци апстинирал за улогата во филмот „Silence“ од 2016 година.

Пред неколку месеци таа дури и се расплака додека разговараше за нејзиниот љубовен живот со водителот на CBS Mornings, Боби Берк.

„Не знам како да одам на состаноци со оглед на тоа што имам деца“, откри актерката додека гласот ѝ затрепери, а очите ѝ се насолзија.

„Имам две мали девојчиња и едноставно не сакам да носам мажи дома. Мислам дека ќе ми треба многу долго време да запознаам некого пред да можам да го запознаам со моите ќерки“, додаде таа.

„Таткото на моите деца е среќно оженет со најпрекрасната жена на светот, Ели. Моите деца имаат извонредна маќеа. Нашиот однос беше поинаков, а нивниот е толку функционален и комплетен. Мислам дека бев на страна во едно прекрасно чистилиште“, заклучи актерката.

Баримор и Копелман беа во брак од 2012 до 2016 година и имаат две ќерки, десетгодишната Олив и осумгодишната Френки.

Актерката беше во брак и со Том Гин од 2001 до 2002 година, и со Џереми Томас од 1994 до 1995 година.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Drew Barrymore (@drewbarrymore)

Слични објави

Марија Шерифовиќ за проширување на семејството: Еве дали ќе има и второ дете

еспресо

(Видео+фото) Цифрата значително скокнала! На осмиот ден од одењето пешки за Грција Никола Роквиќ објави колку пари се собрани

Еспресо

(Видео) „Ви благодарам што сте дел од мојот живот!“: Каролина го прослави роденденот со сопругот и најблиските

Еспресо

(Фото) Луѓето воодушевени од фустанот на Александра Пријовиќ од Роберто Кавали: Го пронајдовме, во моментот е на намаление

Еспресо

(Фото) Никол Кидман ги покажа ќерките: Убави како мама

еспресо

Уапсен Жерар Депардје! Ќе биде сослушан за наводите за сексуален напад врз две жени

еспресо
Се вчитува....