10:28 - 9 ноември, 2026

Мараја Кери во када го најави враќањето на нејзиниот божиќен хит

Пејачката Мараја Кери го најави враќањето на нејзиниот празничен хит „All I Want For Christmas Is You“ додека се опуштa во пенлива купка.

Таа сподели кратко видео во кое нејзиното дете ѝ кажува дека сака да ја слушне „All I Want“, мислејќи на нејзината песна „All I Want For Christmas Is You“.

– Уште не – му одговара пејачката на детето, кое подоцна ја прашува дали може барем да ја украси елката.

Инаку, „All I Want For Christmas is You“ секоја година е најслушана песна за божиќните празници и е задолжителна на сите листи со божиќни песни. Снимена е во далечната 1994 година, а веднаш по промоцијата овој светски хит се најде на врвот на музичките топ листи. Тоа се повторува секоја година околу Божиќ.

И покрај тоа што поминаа 26 години од објавувањето на оваа песна, пејачката секоја година заработува вртоглава сума на својот најголем божиќен хит – само во 2018 година „All I Want For Christmas Is You“ ѝ донесе 625.000 фунти, пренесува Mirror.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Mariah Carey (@mariahcarey)

Слични објави

(Фото) Подгответе се за студените денови со стил – погледнете ги најелегантните машки капути во „Капитол“

Еспресо

„Среќна 20-ка, дете љубов мое“: Емотивна роденденска честитка од баба му за Маркијан, синот на Ребека

К.С.

Хороскоп за понеделник, 9 ноември: Младата Месечина носи нови почетоци, некои знаци ќе се соочат со старите емоции

Т.Ц.

Измислија дека Ава Карабатиќ трагично загинала, а за лажна тревога хрватскиот закон пропишува казна затвор до три години

apostolova

(Фото) Дали знаете како денес изгледа раскошната Хурем Султан од „Сулејман Величествениот“? Поубава е од кога било!

Еспресо

(Фото) Жешката сабота на Маја Шупут! Му седи во скут на младиот дечко облечена во најпровокативен фустан

Еспресо
Се вчитува....