18.8 C
Скопје
13:25 - 3 мај, 2024

(РЕЦЕПТ)ГОТВИМЕ СО ТЕА: Нема подобро филмско мезе од мексикански чипс!

рецептс начос

Започнавме убава соработка со една врвна готвачка која секое јадење го претвара во магија од вкусови – Теодора Георгиевска.

Оваа извонредна мајсторка и една од највлијателните готвачки на социјалните мрежи кај нас, стои зад бројните рецепти кои ги објавува на профилот „Готвиме со Теа“ – „gotvime.so.tea“.

(РЕЦЕПТ) ГОТВИМЕ СО ТЕА: Васина торта – кралица на тортите уште од 1908 година!

Теа денес ни подготви една одлична идеја за мезе – мексикански чипс. 

„Толку брзо ќе го изедете, што нема да дочекате ни филмот да започне“.

Потребни состојки:

  • 150гр. мелено месо
  •  3 тортиљи
  •  2-3 лажици доматен сос
  •  1 помала главица кромид
  •  2-3 лажици пченка
  •  2-3 лажици црвен грав
  •  1 домат ситно сецкан
  •  50гр. рендан кашкавал
  •  чили во прав
  •  сол и црн бибер
  •  мешан сув зеленчук – масло за јадење

Подготовка:

– Во загреано масло го ставате ситно исецканиот кромид да се пржи и по 2 минути пржење го додавате и месото. Кога ќе се испржи месото го додавате сосот од домати, посолувате и зачинувате со мешаниот сув зеленчук и чили во прав.
– Тортиљите ги сецкате на три-четири ленти, а потоа секоја од лентите на помали делчиња во форма на триаголник. Во тавче за печење ставете мрсна хартија и во него наредете ги исечените тортиљи. Напрскајте ги со малку масло и ставете им сол, мешан сув зеленчук и чили. Ставете ги во рерна да се печат 10 минути на 200 степени.
– Кога ќе се испечат во чинија за послужување сервирајте го чипсот така што ќе ставите еден ред од чипсот, малку мелено месо, малку црвен грав, малку пченка, малку домати и малку рендан кашкавал. Постапката повторете ја во неколку реда додека имате мастрав.
– Доколку чинијата за послужување ви е огноотпорна можете да ја вратите во рерна за кашкавалот да се стопи.

На здравје!

(РЕЦЕПТ) ГОТВИМЕ СО ТЕА: Американската класика Mac&Cheese – кремасти потпечени макарони

 

Слични објави

„Немојте да раѓате деца и…“: Сопругата на Огњен Амиџиќ упати порака и покажа како изгледа

Еспресо

Велигден кај Бреговиќ: За сите по нешто

еспресо

Велики петок: Што (не)треба да се прави на овој ден

еспресо

Промени на добро: Три хороскопски знаци се среќлии на месец мај

еспресо

„Зошто браќа?“: На Јелена Карлеуша откажан ѝ е настап во Црна Гора

еспресо

Џина Џиновиќ повеќе не може да молчи: Јавно се закани, хаос во вилата во Сењак

Еспресо
Се вчитува....