13:42 - 12 ноември, 2026

ТАЖНА ВЕСТ: Американскиот рапер Јанг Долф убиен во Мемфис

јанг долф

Американскиот рапер Јанг Долф бил убиен во средата додека бил во пекара во Мемфис во американската сојузна држава Тенеси.

Музичарот роден во Чикаго, чие вистинско име беше Адолф Роберт Торнтон, почина на 36 години.

Беше познат по хит песни како „Major“, а неговиот албум од 2020 година „Rich Slave“ беше на врвот на листата на најпродавани албуми на Билборд 200.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Paper Route Frank (@youngdolph)

Торнтон, наводно, купувал во продавницата „Makeda’s Homemade Butter Cookies“ во Мемфис, кога некој го застрелал, објавија американските медиуми.

Полицијата соопшти дека се уште не е идентификуван осомничениот.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Paper Route Frank (@youngdolph)

Полициската управа во Мемфис издаде соопштение во кое го објави пукањето и рече дека „прелиминарните информации“ покажуваат дека жртвата е Торнтон.

Торнтон речиси бил убиен во пукање во Лос Анџелес во 2017 година. Потоа се здобил со три прострелни рани, но тие не биле фатални.

Слични објави

(Фото) Љупка Митрова во златна креација од тантела — прослави две години од отворањето на своето модно студио во Струмица

К.С.

„По една коцка за сите“: Кеба почести со чоколадо за свадбата на својот син Игор

Еспресо

Не сме задоволни од тебе, нема да добиеш хонорар: Александар Михајловски раскажа непријатна случка

Еспресо

Ѓорѓе Давид се пошегува со свршеникот на Мина Костиќ: „Премина на духови, тоа е сосема во ред“

Е.А.

Пет состојки за брз појадок — рецепт за златни погачици од тава

К.С.

Дневен хороскоп за 12 ноември: Пред да прифатите нов договор, проверете дали условите се навистина онакви какви што очекувате

apostolova
Се вчитува....