10.8 C
Скопје
17:07 - 26 октомври, 2026

МЕГАН МАРКЛ ВО ШОУТО НА ЕЛЕН ДЕЏЕНЕРИС: Влегував во мојот стар „Форд“ преку багажникот!

меган маркл

Меган се присети на своите актерски почетоци со Елен, кога дошла во истата зграда каде што се снимало шоуто за аудиции во стар автомобил со скршена брава.

Водителката Елен Деџенерис на својот јутјуб-канал најави дека нејзината следна гостинка ќе биде Меган Маркл. Таа објави краток инсерт од интервјуто во кое Меган зборува за својот живот пред да го запознае принцот Хари.

меган маркл
Меган Маркл / Фото: Принтскрин/Јутјуб

Меган раскажа дека на почетокот на нејзината актерска кариера често доаѓала во зградата на „Warner Bros“ каде се снима шоуто на Елен.

Поради аудициите, таа доаѓала таму толку често што обезбедувачите на паркингот ѝ посакувале среќа секогаш кога ќе ја виделе. Таа раскажа и како во тоа време возела стар Форд со скршена брава.

„Паркирав некаде на самиот крај од паркингот, го отворав багажникот, ја затворав вратата од багажникот, а потоа ползев по седиштето“, рече Меган низ смеа, додавајќи дека се преправала дека бара нешто во багажникот пред минувачите.

Досега посетата на Меган во шоуто на Елен се држеше во строга тајност од светската јавност, па веста изненади многумина. Целото интервју ќе излезе утре, најави водителката.

Слични објави

(Фото) Сузана Турунџиева сподели фотографии со внукот Јаков: Моменти за кои се живее

Еспресо

Денеска е полна Месечина во Бик — четири хороскопски знаци ќе бидат особено чувствителни на промените

К.С.

(Фото) Фотографија од Николина Пишек гола, изложена во Загреб: „Денот кога станав музејски експонат“

Еспресо

Ни подари 33 години радост, среќа, љубов и гордост: Таткото на Влатко Илиевски со емотивно сеќавање на својот син

Еспресо

Теа Таировиќ итно оперирана – пејачката била примена во болница во тешка здравствена состојба

Еспресо

(Фото) Заљубени до уши – Тања Савиќ покажа колку ужива со 11 години помладиот свршеник

Еспресо
Се вчитува....