12.8 C
Скопје
13:50 - 18 декември, 2024

(РЕЦЕПТ) ПРАЗНИЦИ ВО БРАЗИЛ: Рабанада е задолжителен Божиќен десерт во бразилските домаќинства

десерт рецепт божиќ нова година

Божиќ е навистина најдобриот период од годината! Во куќата на многу бразилски домаќинства, тоа значи дека е време за рабанада(и). Рабанадата е всушност бразилска верзија на француски тост која користи различни техники и состојки.

Првите рецепти за „рабанада“ потекнуваат од книгата за готвење на Хернандез де Мачерас (од 1607 година) и „Arte de cozina, pastelería, vizcochería y conservería“ од Франциско Мартинез Мотињо (од 1611 година). До почетокот на дваесеттиот век, рабанадете била многу чести појава во таверните во Мадрид каде се служела со бокали вино. Јадењето подоцна почнало да се поврзува со Божиќ.

(РЕЦЕПТ) ПРАЗНИЦИ ВО ДАНСКА: Пудинг од ориз и вишни кој се јаде на Божиќната ноќ

Потребни состојки:

  • 24 парчиња (2 цм во дебелина) отстоен француски багет (околу 1½ багета)
  • 500 мл полномасно млеко
  • 1 лажица екстракт од ванила
  • 125 до 180 гр шеќер + 125 гр шеќер
  • 4 големи јајца, лесно изматени и хомогени
  • Растително масло (за пржење)
  • 1 лажица цимет
  • Мед, јаворов сируп (по избор)

Инструкции:

– Обложете хартија за печење со двоен слој кујнски салфети. Ставете ја на страна.

– Поделете ги парчињата леб во 2 големи, плитки садови за печење и наредете ги во по еден слој. Во тегла или бокал добро измешајте ги млекото, ванилата и шеќерот(125 до 180 гр). Истурете ја смесата со млеко врз кришките леб, распределувајќи ја течноста рамномерно по сите парчиња. Оставете ги парчињата леб да киснат околу 20 минути, дозволувајќи му да впијат што е можно повеќе од смесата со млеко.

– Во голема тава, загрејте околу 5 см растително масло на средно висока температура додека маслото не стане доволно жешко.

– Со рака, земете ги сите парчиња леб натопени со млеко (нежно ракувајте со нив) и потопете ги во изматените јајца, премачкајте ги двете страни и оставете вишокот да капе назад во садот со јајца. Ставете го лебот во врелото масло и превртете кога ќе порумени од едната страна, околу 1 до 1 ½ минута. Превртете го лебот и пржете додека двете страни не добијат златно кафеава боја. Внимателно префрлете ги Рабанадите на хартијата обложена со салфети.

– Повторете го истото со преостанатите парчиња леб, пржејќи неколку истовремено ако тавата е доволно голема. Гответе во серии и не пренатрупувајте ја тавата.

– Во средна чинија измешајте шеќер(125 гр) и цимет заедно. Избрбелајте ги сите страни од парчињата леб во смесата.

– Бразилскиот француски тост може да се сервира или топол или на собна температура, како што е или прелиен со мед или јаворов сируп.

Добар апетит!

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Máximo Pão (@maximopao)

ВО МАКЕДОНИЈА, КАКО ВО ЊУ ОРЛЕАНС: Пудинг од стар леб – Декадентен рецепт со долга историја!

Слични објави

(Фото+видео) Луксуз на дело: Цеца Ражнатовиќ дојде со торба од 30.000 евра на прославата на Жељко Јоксимовиќ

Еспресо

Том Круз ја доби највисоката награда на американската морнарица за улогите во воени филмови

Еспресо

Скандал во шоуто на Амиџиќ: Дарко Лазиќ почна да ја фали бившата, Катарина побледе од срам!

Еспресо

(Фото) Емина Јаховиќ ги покажа стомачните: Згодната пејачка е во најдобрата форма досега!

Еспресо

Хороскоп за 18 декември: Раковите ќе уживаат со семејството, Водолиите ги очекува успех

apostolova

(Фото) Адријана Лима се омажи: Mанекенката ја објави радосната вест и ги покажа бурмите

Еспресо
Се вчитува....