15:21 - 27 ноември, 2026

СЛАВЧО ПОПОСКИ ПРОГНОЗИРА: Доста му е на сонцето, за жал, интензивни врнежина дожд и снег од…

– Како што веќе најавивме, до крајот на оваа недела времето во Македонија ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд. На повисоките места и на планините врнежите ќе бидат од снег, каде снежната покривка позначително ќе се зголеми. Поинтензивни врнежи ќе има особено во сабота, кога локално ќе наврне позначително количество на воден талог (над 20 л/м2). Ќе дува умерен, повремено засилен ветер од југоисточен правец, додека за време на викендот ветерот ќе го промени својот правец во северен. Температурите ќе се искачуваат во интервалот од 8 до 15 степени, додека за време на викендот истите ќе бидат пониски и ќе се искачуваат во интервалот од 4 до 11 степени, вели нашиот метео прогнозер Славчо Попоски.

И во Скопскиот регион до крајот на оваа недела времето ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер од јужен правец, додека за време на викендот ветерот ќе го промени својот правец во северен и во северозападен. Температурата ќе се искачува во интервалот помеѓу 6 и 9 степени.

Слични објави

(Фото) Гога Секулиќ ослабе дури 27 кг! Дејан Милиќевиќ го обвинија дека ја истенчил, а тој ги покажа необработените фотографии

Еспресо

Војаж за првпат сподели заеднички фотографии со свршеницата по раѓањето на детето: Уживаат на зимски одмор во Франција

Е.А.

Го нарекуваат „природен Оземпик“, а го има во речиси секоја кујна — дали овој евтин производ навистина помага при слабеењето?

К.С.

Николина Ковач и Саша Капор за брачните предизвици и семејната хармонија: „Никаде не е идеално…“

Е.А.

(Фото) Ноемвриска распродажба во Wood room – трпезариски и клуб маси, детски плакари, канцелариски столици…

Еспресо

Меки како облак, а не се пржат во масло — рецепт за домашни крофни од рерна

К.С.
Се вчитува....