11.8 C
Скопје
07:56 - 10 октомври, 2026

(ФОТО СТОРИЈА) ВО ДВОРОТ НА ЈАСМИНА ВО СЕЛО ОРЕОВЕЦ: Убавината не се опишува со зборови, треба да се видат овие бои!

Денес разговараме со Јасмина Талеска Ристеска од Прилеп, по професија стоматолог. Семејната викенд куќа им се наоѓа во село Ореовец, во близина на Прилеп, на површина од 500 квадратни метри.

– Динамичноста што ја носи градот последниве години ја заменивме со живот во овој прекрасен, планинси предел, на надморска височина од 870 метри, оддалечен од Прилеп на 7 километри. Па така, љубовта кон природата, а истовремено кон цвеќето, е постојано во мојот живот – ни веле Јасмина.

Секое слободно време Јасмина, заедно со семејството, го користат за уредување на дворот и одгледување и нега на цвеќиња.

– За убави цвеќиња се потребни добра почва, прихрана и внимание – ни ја открива тајната.

Дворот е раззеленет и со зимзелени дрвца, летни и зимски цвеќиња и прекрасна зелена трева.

– Посветеноста, љубовта, трпението кон цвеќето резултираат во совршеност – додава нашата соговорничка.

Особено ѝ се допаѓа бојата и формата на цветот на темјанушките, фасцинантна е нејзината издржливост на ниски температури!

– Цвеќето е симбол на живот, сакајте го и негувајте го со внимание затоа што цвеќињата се убавината и среќата во овој свет! – потенцира Јасмина. 

Инаку, Јасмина е членка на Фејсбук групата …ДВОРЧЕТО…, група која ви ја препорачуваме да си станете член и да се изнагледате преубави објави!

УЖИВАЈТЕ ВО ФОТОГАЛЕРИЈАТА:

Прво – Јасмина на работното место.

фото – приватна архива
фото – приватна архива
фото – приватна архива

А еве ги цвеќињата!

ФОТО – ПРИВАТНА АРХИВА

Слични објави

Откриени се детали за здравствената состојба на Саша Ковачевиќ откако ги одложи концертите

Еспресо

(Видео) Марија Шерифовиќ се огласи од Бали: „Дојде моментот да споделам со вас…“

Еспресо

Ника Тошиќ уживаше во друштво на татко ѝ Душко, Јелена Карлеуша веднаш ја „искритикува“

E.A.

Ѓоле Ѓогани разочаран поради односот на Лепа Брена

E.A.

Саша Ковачевиќ ги одложи концертите по операцијата: Организаторите ги открија деталите

Еспресо

(Фото) Вељко Ражнатовиќ покажа што сè чува на својот имот: Фарма полна со животни и приватен хиподром

Еспресо
Се вчитува....