16:13 - 10 ноември, 2026

(РЕЦЕПТ) МАРТИНА НИ НАПРАВИ ПИЦА: Тестото од само 4 состојки и не се чека да нарасне!

Мартина Трајаноска

Нашиот тим започна соработка со една посебна, прекрасна мајсторка во кујна – Мартина Трајаноска.

Шармантната Мартина стои зад превкусните рецепти пласирани на инстаграм-профилот (martinascooking).

Фото: Instagram/Мартина

Готви од мали нозе, а со текот на годините и искуството научила дека најважна состојка во секое јадење е – љубовта.

Денес Мартина ни направи совршена пица со најбрзото тесто од само 4 состојки и тесто кое не се чека да нарасне! Ретко кој може да одбие парче пица, а посебно кога е домашна и најубава, нели?

 

View this post on Instagram

 

A post shared by martinascooking (@martinascookingg)

Потребни состојки:

  • 1 шолја јогурт/кисело млеко
  • 2 шолји брашно
  • 1 пециво
  • 4 лажици масло

Подготовка:

Едноставно е, само измешајте ги состојките и замесете меко тесто. Веднаш исукајте го во кора или со намрсени раце развлечете го во плехот. Ставете си додатоци по желба, кечап, сувомеснато, кашкавал, печурки и сл и печете ја во загреана рерна на 220 С околу 10 минути. Уживајте во секој залак од вашата пица готова за 15 минути.

 

Слични објави

Утре се отвора моќниот портал 11:11, ден за исполнување желби и нови почетоци — eве што треба да направите

К.С.

Здравко Чолиќ по девет години го објави новиот албум „Мечтаам и простувам“

Е.А.

(Фото) Како холивудска дива — Светлана Црнокрак во црна тоалета со откриени рамена на јубилејот на Карпош

К.С.

Трета среќа – Игор Којиќ во тајност се ожени со избраничката која го носи неговото дете

Еспресо

(Фото) Аделина Тахири воодушеви во црн фустан со длабоко деколте и светкав детаљ

К.С.

Јелена Карлеуша проговори за Зоран Бирташевиќ: „Никој не се кара како нас“

Е.А.
Се вчитува....