00:50 - 11 април, 2026

Проверено: Оригинален рецепт за ТЕЛЕШКА ЧОРБА без запршка

Состојки:

300 гр телешко месо
1 главица кромид
1 чешне лук
2 моркова
2 компира
ловоров лист
бибер
сол

Подготовка:

Во тенџере ставете го телешкото месо да се вари на тивок оган околу час и половина.

Во меѓувреме во друг сад пропржете го кромидот, па додадете ги лукот и исецканите компири и моркови
и оставете ги да се динстаат со малку вода, исто така на тивок оган.

Кога ќе омекнат, изблендирајте ги во блендер заедно со водата во којашто се вареле.

Извадете го месото од тенџерето и оставете го малку да се олади за да можете да го иситните.

Во водата во која го варевте месото додајте го изблендираниот зеленчук.

Откако ќе го иситните месото ставете го во тенџерето со зеленчукот, додадете еден ловоров лист, сол и бибер и оставете го да зоврие.

Кога ќе зоврие, ставете една китка сецкан магдонос и исклучете ја ринглата.

Сервирајте ја топла.

Слични објави

Како правилно да ги негувате хортензиите за да цветаат цело лето

Т.Ц.

Велигденска чоколадна торта

Т.Ц.

Луди сте по чоколадо? Тогаш мора да ја посетите европската престолнина на овој деликатес

Т.Ц.

Мали трикови за беспрекорно варени јајца за Велигден

Т.Ц.

Идеален десерт за Велигден – рецепт за Баскиска торта од сирење што го освои светот, иако е изгорена

Т.Ц.

Најдобар рецепт за солени фритули со јогурт – совршени се како ужина или прилог

Еспресо
Се вчитува....