12.8 C
Скопје
09:48 - 6 октомври, 2026

Префинета чоколадна мус торта

Ви претставуваме одличен рецепт за чоколадна мус торта…

Потребни состојки:

Тесто

– 250гр. чоколадни бисквити
– 180гр. путер

Фил

– 5 белки
– 3 лажици шеќер
– 5 жолчки
– 250гр. чоколадо за готвење
– 250мл. слатка павлака

Начин на подготовка:

Измешајте ги мелените бисквити и стопениот путер и добиената смеса распоредете ја на дното и од страните на калапот. Печете на 180 степени 8 минути.

Белките изматете ги со 3 лажицишеќер во цврст шлаг. Во растопената чоколада додадете 5 жолчки и убаво промешајте.

На 2-3 пати вмешајте ги и белките во чоколадната смеса. Изматете ја павлаката и неа вмешајте ја со шпатула во чоколадната смеса.

Во изладениот калап истурете го чоколадниот мус и ставете ја тортата во фрижидер да се стегне барем 4 часа.

Пријатен апетит!

Слични објави

Тајната на совршено похуваниот ослич и трикот за коричка што не се распаѓа

Т.Ц.

Рецепт за чорба од тиква, идеална за сите што имаат проблеми со желудникот, цревата и црниот дроб

Т.Ц.

Вера, Надеж и Љубов, трите маченички на чија смрт сведочела мајка им Софија

Т.Ц.

Зимница без конзерванси на која нема да ѝ одолеете: Кисели пиперки во тегла

Еспресо

Иконата што постојано се враќала кај изворот: Легендата за манастирот „Пречиста“ кај Кичево

Т.Ц.

Време е за зимница: Туршија со црвен кромид

Т.Ц.
Се вчитува....