14.8 C
Скопје
12:01 - 30 октомври, 2026

ПОСНО ЕМ ВКУСНО: Енергетски бомбици, совршена ужинка во комбинација со црно кафе

Велигденските пости кои траат 48 дена се голем предизвик како за верниците, така и за традиционалната македонска кујна. Традиционалното посно мени овојпат сакаме да го збогатиме со нови посни рецепти кои ќе бидат лесни за подготовка и вкусни за да уживате комплетно во постот.

Овојпат за љубителите на слатки подготвивме здрави енергетски бомбици кои можете да ги понесете на работа како совршена ужинка. Доколку сте љубители на црното кафе овие бомбици се совршена комбинација со омилениот утрински напиток

Состојки:

– 400 гр. печени несолени кикирики
– 450 гр. урми
– 400 гр. бела таан алва
– 200 гр. маргарин
– 100 гр.црна чоколада или какао прав

Подготовка:

Печените кикирики треба да бидат мелени, но не многу ситно туку на покрупни парчиња. Свежите урми ги сечете на поситни парчиња и заедно со кикириките ги ставете ги во подлабок сад.

Во подлабокиот сад додадете ги маргаринот и алвата исечени на помали парчиња. Со раце ја замесувате цела смеса за убаво да се соединат сите состојки.

Со двете раце формирајте топчиња, бомбици кои ќе ги поставувате во хартиени корпи за колачи. Претходно по желба извалкајте ги со рендана црна чоколада или какао прав.

Внимавајте, толку се вкусни што нема да успеете да изеде само една.

Добар апетит!

Слични објави

Дарко Лазиќ си стави ботокс, а неговата сопруга го снимаше процесот

Е.А.

„Кога те нема“, првата песна што победи на „Макфест“ – Хелена Благне и денес со љубов се сеќава на македонската публика

Т.Ц.

Петок е, време е за дружење — три брзи закуски што ќе исчезнат од масата за миг

К.С.

Исидора Бјелица пред смртта открила што ѝ е заедничко со другите пациенти со истата дијагноза

Е.А.

Дневен хороскоп за 30 октомври: Обрнете внимание на деталите што би можеле да предизвикаат недоразбирање

apostolova

Зошто толку нè вознемирува кога некој не ни одговара на порака? Психологијата го објаснува стравот што се крие зад чекањето

К.С.
Се вчитува....